• Latest

Османи до Кулеба: ОБСЕ може да направи многу за време на војна, но уште повеќе за време на мир што е наш клучен приоритет во Украина

October 16, 2023

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Османи до Кулеба: ОБСЕ може да направи многу за време на војна, но уште повеќе за време на мир што е наш клучен приоритет во Украина

October 16, 2023 14:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск беа дел од темите на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Османи и Кулеба на средбата во Киев разговараа и за што може ОБСЕ дополнително да направи за поддршка на земјата која се соочува со руската воена агресија. По средбата, на заедничката прес-конференција, Османи истакна:

„Во јануари, за време на мојата прва посета на Украина како Претседавач со ОБСЕ, реков дека вашата храброст и пожртвуваност ја заслужуваат нашата најголема почит. Инспириран од вашата издржливост, денес сум уверен дека ќе победите. Украина ќе победи“.

Османи додаде дека Програмата за поддршка на Украина, финансирана од донатори, а која се спроведува од ноември 2022 година, ќе продолжи да и помага на Украина, преку имплементација на проекти приспособени на нејзините специфични потреби.

„Овие проекти ќе помогнат да се решат последиците од војната и исто така да ги поддржат долгорочните реформски напори на Украина и потребите на нејзините граѓани. Често кажувам, ОБСЕ може да направи многу за време на војна, но уште повеќе за време на мир што е наш клучен приоритет во Украина“, рече Османи.

Османи потенцираше дека и покрај предизвиците со кои се соочува Организацијата, нарушувањето на нејзините основни принципи предизвикани од воената агресија на Руската Федерација , ОБСЕ е отпорна и ќе продолжи да се придржува до основните вредности со поддршка од останатите земји-учеснички.

„Како Претседавач со ОБСЕ, продолжив да ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ.  Продолжувањето на оваа војна не само што ги уништува животите, домовите и надежите на луѓето од Украина, туку создава и состојба на нестабилност и неизвесност низ поширокиот регион на ОБСЕ“, потенцираше Османи.

Украина останува централен приоритет за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, рече Османи,а состојбата во Украина ќе биде и една од главните теми на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во декември во Скопје.

Кулеба повика Русија да биде исклучена од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), предупредувајќи дека организацијата ќе се соочи со „бавна смрт“ доколку Москва остане членка,

ОБСЕ е основан за да ги намали тензиите меѓу Истокот и Западот за време на Студената војна и им помага на своите членови да се координираат за прашања како човековите права и контролата на оружјето.

„Се што прави Русија во ОБСЕ во денешно време ја убива оваа организација“, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на прес-конференција на која присуствуваше и претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, пренесува Франс-прес.

„Ситуацијата во ОБСЕ е многу комплицирана, болна, но изборот е многу едноставен – или бавна смрт со Русија или нов живот без неа“, рече Кулеба.

Tags: КулебаОБСЕОсманиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ