• Latest

Османи: Граѓаните се солидаризираат со Македонците поради директниот атак врз националните атрибути

June 27, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Османи: Граѓаните се солидаризираат со Македонците поради директниот атак врз националните атрибути

June 27, 2021 12:23
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако има еден позитивен ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Министре, месеци по отворањето на разговори со бугарските колеги за затворање на отворените прашања со што би се деблокирала македонската европска интеграција јасно ви е за што точно разговарате?

Се разбира комплексно е прашањето. Одлуката за почнување на преговорите има три компоненти, има политичка одлука или согласност, има рамка и конференција. Одлуката ја добивме минатата година во март, таа што беше блокирана од Грција од 2009 година, сега сме на втората станица, преговарачката рамка која е текст од неколку страни на кои се утврдуваат принципите и правилата како ќе се одвиваат преговорите. Во предлогот што е даден од комисијата до земјите членки, во тој текст Бугарија спори три прашања- името, јазикот и гаранцијата за спроведување на договорот и тоа се прашања кои ги третира португалското претседателство со последниот предлог кој што ние го сметаме како добра основа за надминување на разликите и работиме сите заедно во однос на тој предлог.

Ве прашувам ова затоа што бугарските политичари тврдат дека македонските политичари лажат кога велат дека Бугарија ги оспорува македонскиот јазик и македонскиот идентитет…

Па сега тоа зависи како ќе го претставите. Во преговарачката рамка има една реченица со техничко значење во која што стои дека акито ќе се преведе на македонски јазик. Бугарија смета дека треба да се користи формулацијата од Договорот од 2017 година која што беше една реципрочна билатерална формулација за јазикот во кој што бугарскиот јазик беше напишан како бугарски јазик според Уставот, а македонскиот беше напишан како македонски јазик според Уставот или вториот пристап да се дефинира историскиот контекст на создавање на јазикот во некој билатерален договор. Така што да, спорен од нивната страна е тој момент за кое што португалското претседателство има решение за кое ние сметаме дека е добра основа.

Ама зошто тогаш тие тврдат дека не го спорат македонскиот јазик и идентитет?

Затоа што најверојатно сакаат да престават дека не го спорат денешното дефинирање на јазикот, но го спорат историскиот корен на јазикот. И во тој контекст тие го преставуваат како не спорење на идентитетските атрибути кој што сега ги има државата, меѓутоа тоа е доколку се има тој пристап на дефинирање на историскиот контекст. Меѓутоа со барањето да се дефинира согласно јазичната клаузула од Договорот од 2017 година очигледно е дека се редефинира и сегашното дефинирање на јазикот.

Јасен е ставот на Софија дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, а дека корените на македонската нација пред 1944 се бугарски. Ако историски, македонската страна го „признае“ ова, тоа нема да се одрази врз сегашниот идентитет?

Сигурно и затоа никогаш не било предмет на некакви разговори билатерални од наша страна во однос на јазикот. Ние да, сме прифатиле да разговараме за краткото име, оти да навистина ако има потреба од дополнителни објаснувања дека краткото име не се реферира на историскиот регион чиј дел е денес и во Бугарија и дека немаме никакви територијални претензии во името на државата, или, пак, да дадеме дополнителни гаранции во смисла на европски мониторинг во имплементација на договорот наспроти тоа што го имаме сега, а тоа е билатералниот мониторинг преку меѓу владината комисија, но никогаш не сме прифатиле да разговараме за јазикот бидејќи тоа е прашање што е право на секоја држава во рамки на своето самоопределување. Меѓутоа, португалското претседателство има предлог со кој може да се адресираат одреден чувствителности кој што ги има бугарската страна и да ја задржи својата позиција, меѓутоа ние не сме прифатиле да се разговара за тоа прашање во мултилатерален контекст.

Министре постои ли опасност во брзање да се постигне успех сега всушност да се направи долгорочен проблем и да се внесе во процес за ЕУ и формална можност за идни бугарски блокади?

Се додека одлуките за проширување се носат со консензус Бугарија може да не блокира за кое било прашање, за прашањето за реката Вардар дали е чиста или не може да најде причина и да не блокира, особено сега со новата методологија кога повеќе моќ е дадена на земјите членки на сметка на комисијата, плус и процесот има можност за реверзибилност тие може да го блокираат кога сакаат. Ние сме калкулирале и таа можност ја имаат 200 пати во тек на процесот. Сакам граѓаните да бидат уверени ништо нема да правиме на брзање, сосема сме свесни кои се интересите на граѓаните, кои се очекувањата на граѓаните, но исто така сме свесни колку е важно за нив членството во Европската унија. Ако има еден позитивен колатерален ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ