• Latest

Османи и Димитров едногласни: Заслужуваме датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО

May 21, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи и Димитров едногласни: Заслужуваме датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО

May 21, 2018 16:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан беа тема на работната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Македонија, организирана  од страна на бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Великов Петков. 

Како што соопшти СЕП, Османи истакна дека Република Македонија, изминатава година, во целост беше посветена на евроатлантската агенда, успешно имплементирајќи го Планот 3-6-9, со што повторно се врати довербата како на граѓаните, така и на меѓународните партнери во европската перспектива на земјата.

– Нашиот фокус останува реформската агенда, и наскоро излегуваме со нов План 18, со кој ќе ги адресираме сите потребни реформи кои произлегуваат од Извештајот на Комисијата, водечките иницијативи на Стратегијата, заклучоците од Софискиот самит, но и сите останати релевантни извештаи кои се во насока на евроатланските процеси“, изјави Османи.

Тој, додаде дека Македонија на дело ја демонстрираше својата сериозност и зрелост која очекува да резултира со одлука на Европскиот Совет во јуни за почеток на пристапните преговори, како и покана за НАТО, подоцна на Самитот во јули.

Пред амбасадорите обраќање имаше и министерот за надворешни работи Димитров, кој истакна дека следните недели се од особена важност за евроинтегративните перспективи на Македонија.

– Се наоѓаме пред одлучувачки момент, кој траба да ја признае способноста на земјата да се справи со најголемата политички-чувствителна ситуација во последните 15 години. Дополнително, постои јасна потреба да се демонстрира сојузништво и заеднички да се построиме во вистинскиот правец, изјави МНР Димитров.

Тој потенцира дека е дојдено времето Република Македонија заслужено да го започне европското патување со цел, од една страна, да се трансформира во силна европска демократија и да се натпреварува во реформите и во економијата со останатите земји, а од друга страна, заедно со своите партнери да се борат во справување со домашните и глобалните безбедносни предизвици.

– Република Македонија демонстрираше искрен пристап и сериозност за која е потребна соодветна валоризација на јунскиот состанок на европскиот совет преку одлука за почеток на преговори, како и покана за членство во НАТО на самитот во јули, истакна Димитов на средбата, се наведува во соопштението. (МИА)

Tags: Бујар ОсманиЕУНАТОНикола Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ