• Latest

Османи: Ја следиме состојбата со нашите граѓани во Украина, две семејства побарале помош во Амбасадата

February 24, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Османи: Ја следиме состојбата со нашите граѓани во Украина, две семејства побарале помош во Амбасадата

February 24, 2022 13:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат.

– Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, но ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати, иако таа одлука се уште ја немаме донесено. Меѓутоа, сме во постојана координација со нашите партнери и со нашите луѓе на терен за да ги донесеме соодветните одлуки, рече шефот на дипломатијата за „Утрински брифинг“.  

Тој информира дека две семејства денеска се обратиле во нашата Амбасада во Киев коишто бараат одредени документи со цел да ја напуштат земјата. Османи потсети дека МНР веќе со недели апелира за тоа, со цел да не бидеме во ситуација денеска кога се блокирани и патиштата и начините за да им се излезе во пресрет. Тој порачува дека нашите дипломати се таму и ќе најдат начин да им се помогне се додека имаат можност, а потоа ќе донесеме евентуално и одлука за евакуација на нашите дипломати од Амбасадата.

– Ние имаме од поодамна резервни планови доколку аеродромот се затвори, доколку нема комерцијални летови и како би ги извадиле нашите луѓе ние и денеска за еден час ќе имаме седница на Влада на која што ќе донесеме одредени одлуки по однос на состојбата таму. Така што сега станува се потешко да им се излезе во пресрет. Тие што го искористија апелот и одговорија на апелот се вратија во Скопје, меѓутоа продолжуваме да бидеме во комуникација со нашите луѓе да им помогнеме да излезат од Украина, вели Османи.  

Шефот на дипломатијата нагласи дека се следи и целокупната ситуација во Украина и дека сите партнери во НАТО се единствени во однос на преземањето следни чекори.

– Ја следиме состојбата со загриженост. Мислевме дека копнена инвазија во соседна земја ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, еве се случува тоа денеска и за најголема осуда. Единствени сме во НАТО и во ЕУ во однос на одговорот кон оваа агресија… Тоа што можам да кажам е дека сите партнери во НАТО сојузници сме единствени и тоа е нашето најсилно оружје во оваа ситуација. Се разбира, постојани се тие состаноци коишто се случуваат, дел од информациите не можам да ги споделам со вас затоа што се доверливи, меѓутоа единствени се сојузниците во преземањето на сите наредни чекори. Знаете дека Унијата веќе донесе одлука за одредени скалести санкции кон таргетирани руски интереси,  се разбира понатаму ќе се продолжи со реакција. Ние сме дел од Сојузот, тоа не става во сосема нова позиција по однос на пристапот до информации, по однос на безбедноста што ја чувствуваме заради тоа што Сојузот се грижи за безбедноста на еден метар квадрат од територијата на сојузниците, меѓутоа се разбира и нашата улога во солидаризирање со нашите партнери во заштита на регионот со нашиот сојуз, вели Османи.

Македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов, во изјава за Телма, пак, нагласи дека засега нема излез од Киев.

Тој вели дека стотина македонски државјани се уште се наоѓаат во 12 градови во Украина, каде во моментов нема воени дејствија и се чекаат инструкции. Ефремов нагласи дека во моментов интернет врските во земјата се во прекин, а одвреме навреме колабираат и телефонските линии.

– Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се авкуираат граѓаните, изјави амбасадорот Ефремов.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ