• Latest

Османи: Недобивањето датум за преговори носи многу ризици

May 9, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Недобивањето датум за преговори носи многу ризици

May 9, 2018 10:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во случај да не добиеме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ ризиците се многу, а земјите членки треба да го имаат предвид тоа кога ќе решаваат зошто треба да бидеме дел од Унијата и да ги започнеме преговорите, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на традиционалниот „Појадок со ЕУ“ по повод Денот на Европа.

– Оваа земја е единствена во регионот која целосно ги има решено границите. Таа е целосно функционална мултиетничка и мултирелигиска земја и е парчето кое недостасува во мозаикот на ЕУ што може да придонесе на Унијата со нов дух на кохезија и може да послужи како позитивен пример за целиот регион на Западен Балкан. Подготвена е целосно да постапува согласно со заедничките надворешно-политички цели на Унијата и да биде дел од одбранбените структури на ЕУ. Ги унапредуваме добрососедските односи согласно стандардите на ЕУ и подготвени сме политички, но и со своите институционални капацитети да ги започнеме пристапните преговори, рече Османи.

Посочи дека има бројни ризици ако Македонија повторно не добие датум за почеток на пристапните преговори.

– Губењето на надежта за ЕУ и НАТО членство ќе придонесе младите луѓе и понатаму да продолжат да ја напуштаат земјата намалувајќи ја работната сила и можностите за развој и раст. Загубата на надежта исто така ќе предизвика силен замор од ЕУ и евроскептицизам и ќе ги зголеми анти-НАТО чувствата. Поделеноста на населението по етничка, религиозна и социјална основа ќе се продлабочи што ќе предизвика ранливост на демократските институции и нивниот капацитет да владеат, ќе го намали нивото на отпорност и ќе создаде плодна почва за вмешување и поголемо влијание на трети земји. Ќе отвори простор за навлегување на потенцијални насилни групи зголемувајќи го со тоа ризикот од тероризам, екстремизам и национализам, предупреди вицепремиерот Бујар Османи.

Сето ова, нагласи, мора да се употреби како основа на која ќе градиме поширок и траен консензус за сите предизвици на овој пат. Затоа не не смее да се дозволи да го загубиме овој историски момент.

– 2018 е клучна година за Македонија. Се радувам на претстојниот историски Самит  во Софија следната недела кој се надевам ќе биде прв самит на ЕУ посветен на проширувањето по Самитот во Солун во 2003 година на кој очекуваме да биде реафирмирана европската перспектива од земјите од Западен Балкан со декларација. Софија секако ќе донесе повеќе енергија и поттик за поврзаноста, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Западен Балкан. На јунскиот Самит на ЕУ нашите очекувања се официјално да добиеме датум за почеток на преговорите за пристапување, рече Османи.

Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар истакна дека земјата за една година успеа да постигне импресивни резултати во однос на реформите, но останува на Советот на ЕУ да ја донесе одлуката за датум за пристапни преговори.

– Прашањето не е дали чашата е полупразна или полуполна, туку она што е важно е да продолжите да ја полните, како што правевте досега, рече Жбогар.

Бугарскиот амбасадор Иван Петков во својство на претставник на земјата актуелен претседавач со Унијата, изрази надеж дека за време на бугарското претседателство Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

Традиционалниот „Појадок со ЕУ“ е во организација на Секретаријатот за европски прашања, а на него учествуваа амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на САД и поранешни вицепремиери за европски прашања. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиДенот на ЕвропаЕвропска УнијаЗападен БалканПојадок со ЕУПреговори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ