• Latest

Османи: Потребно е администрацијата да се подготви за евентуални преговори со Унијата

February 15, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Потребно е администрацијата да се подготви за евентуални преговори со Унијата

February 15, 2018 10:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Статусот на реализацијата на реформите во клучните области содржани во Планот 3-6-9 како и новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на ЕК за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година беше главна темна на 38. седница на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) што се одржа денеска во Владата во рамки на генералниот колегиум, со која претседаваше вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

– Добивме исклучително позитивни пораки од страна на ЕК, со кои се валоризира досегашниот напредок во имплементацијата на реформите и подготовката на земјата за напредок во европските интеграции, истакна Османи, додавајќи дека Комисијата испрати јасни пораки дека Македонија треба да очекува чиста препорака за почеток на преговори со следниот извештај, но и согласно отстранувањето на политичките пречки, одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на преговори.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Османи, тој ја истакнал одговорноста и улогата на членовите на Работниот комитет за фокусот на целата администрација кон предложените реформи, притоа потенцирајќи дека оваа 2018 година претставува најзначајна година за европските интеграции на земјата, период во кој следат серија настани преку кои треба да ја изградиме нашата позиција за членство во ЕУ.

– Почетокот на преговорите со ЕУ станува реалност за Република Македонија и покрај Секретаријатот како предводник на евентуалниот процес на преговори, потребно е и целата администрација соодветно да ги подготви капацитетите за трансформација на државата и општеството кон европските правила, стандарди и вредности, истакна Османи, стои во соопштението.

османи ркеи

Во истиот контекст, се додава, Османи најави засилен мониторинг преку механизмот за надгледување и координирање на реформите, но и почести седници на Комитетот.

Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, како и администрацијата на Секретаријатот за европски прашања. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: ОсманиРаботен комитет за европски интеграцииседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ