ВЕСТ НА ДЕНОТ: КАТИЦА ЈАНЕВА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД СЈО
ЗАЕВ ГИ ПОВИКА МИЦКОСКИ, АХМЕТИ И СЕЛА НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА
„Упатувам повик за лидерска среба која предлагам да се одржи во петок, 19 јули, во 14 часот во Клубот на пратеници“, вака премиерот Зоран Заев ја започна денешната прес конференција, повикувајќи ги лидерите на ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.
„За приоритетни теми од наша страна ги предлагам: обединување околу принципиелен договор за нов Изборен законик, на време да се почне без притисок од скори избори и да си поставиме за цел до следните избори да обезбедиме лигслатива прифатлива за сите, со вградени препораки до ОДИХР. Ќе разговараме, секако и за нов Изборен модел“, изјави Заев, додавајќи дека тој останува на ставот дека треба да се оди на редовни, а не на предвремени избори.
Како теми за разговор Заев ги предложи и Законот за обвинителство и Законот за попис.
КОЧАН СО НОВО БАРАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАЗНАТА
Сеад Кочан, осуден на 4 години и осум месеци затвор во предметот „Труст“ на СЈО, по трет пат бара одложување на казната, овој пат, поради болест. Претходно, Кривичниот совет на 12 јули веќе одби една ваква жалба на Кочан и ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд. Конечната одлука треба да се донесе откако ќе се прегледа целата документација за случајот.
Првостепената одлука беше 6 години затвор, а Апелација во март годинава ја намали на 4 години и 8 месеци. Кочан се прогласи виновен за незаконско добивање на тендер од ЕЛЕМ. На 17 јули треба да започне неговото отслужување на казната.
УАПСЕН Е БОЈАН ЈОВАНОВСКИ
Менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 е упасен на граничен премин. Тој и уште еден познат бизнисмен, се задржани во полициска станица на информативен разговор, за случај што го води Основното јавно обвинителство, потврдуваат од Обвинителството.
НОВА БОМБА ЗА БРАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ И ЗА МУСА ЏАФЕРИ
Ел Чека објави нова аудио „бомба“, во која, наводно се слушаат гласовите на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, а има и бомба во која се слуша и Муса Џафери, функционер на ДУИ.
Тие, според објавениот телефонски разговор, зборуваат за тендер кој се однесува на ТЕЦ Осломеј, а се споменува и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.
М. Ивановска
во соработка со тимот на ЦИВИЛ Медиа