„Оставка“ скандираат членовите на ГЕРБ, кои се наоѓаат пред куќата на Бојко Борисов во Банкаја, каде што се водат истражни дејствија. Целото извршно биро на ГЕРБ е пред домот на лидерот на партијата, како и пред пратениците од пратеничката група, јавува БГНЕС.
Заменик-претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов, го опиша тоа што се случува како акција на Гестапо. Адвокатот Менко Менков рече дека не смеел да го посети домот на Борисов. „Немам поим што прават, чекаат наредба од началник. Очекувам и мене да ме уапсат“, изјави Менков пред домот на Борисов. Набргу потоа бил примен во домот на лидерот на ГЕРБ.
Ова е политичка репресија. Вака Томислав Дончев го дефинираше делувањето на полицијата. „Премиерот Кирил Петков беше поканет неколку пати во парламентот, наместо да испрати полиција во домот на лидерот на позицијата, Бојко Борисов. Ова е политичката репресија“, рече заменик-претседателот на ГЕРБ, Томислав Дончев.
Се јавуваат луѓе од цела држава и се подготвуваме за протести, за тоа што се случува веќе го информиравме раководството на Европската народна партија, меѓу кои и Доналд Туск, Антонио Лопез и други“, изјави Никола Николов. Тој појасни дека Менда Стојанова и Владислав Горанов се во своите домови и никој не ги привел. Во домот на Арнаудова се врши претрес, објасни тој.
Претседателката на Генералното собрание на ГЕРБ-УДФ, Десислава Атанасова, рече дека ова што се случува е апсурдно и праша што бара да се спроведат истражни дејствија среде ноќ, јавува БГНЕС.
Ј. Ѓ.