• Latest

Остри реакции и осуда во светот за руската агресија врз Украина

February 24, 2022

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Остри реакции и осуда во светот за руската агресија врз Украина

February 24, 2022 09:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Остра реакција и осуда кај светската јавност предизвика  руската агресија врз Украина.

„Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“, рече американскиот претседател Џо Бајден веднаш по почетокот на операцијата. Тој предупреди „Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад“. „Светот ќе бара одговорност од Русија“.

„Згрозен сум од ужасните настани во Украина и разговарав со претседателот Зеленски за  следните чекори“, напиша британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер. „Претседателот Путин го избра патот на крвопролевање и уништување со лансирањето на овој неиспровоциран напад врз Украина. Велика Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно“.

„Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца додека се соочуваат со овој неиспровоциран напад и страв за нивните животи“, напишаа шефовите на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер. „Ќе бараме одговорност од Кремљ.

ЕУ ја повика Русија под итно да стави крај на нападот и да ги повлече своите сили од Украина.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг  рече дека Русија „го избрала патот на агресија против суверена и независна земја“. Нападот „загрозува безброј животи на цивили“, рече Столтенберг во изјавата, опишувајќи го како „тешко кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“. Амбасадорите на НАТО треба да одржат итен состанок денска наутро по европско време за да разговараат за нападот.

„Овие неиспровоцирани дејствија се јасно натамошно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на обврските на Русија според меѓународното право и Повелбата на ОН“, наведе Џастин Трудо во изјавата. Тој рече дека ќе се сретне со партнерите од Групата седум за да формира колективен одговор, „вклучително и со воведување санкции дополнителни на оние објавени претходно оваа недела“. „Овие непромислени и опасни дела нема да останат неказнети.

„Мораме веднаш да одговориме на руската криминална агресија врз Украина Европа и слободниот свет мора да го запрат Путин“, напиша полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Твитер. „Денешниот Европски совет треба да ги одобри најжестоките можни санкции. Нашата поддршка за Украина мора да биде реална.

Генералниот секратар на ОН, Антонио Гутереш упати директна и лична молба до рускиот претседател Владимир Путин по вонредната седница на Советот за безбедност, барајќи од него да го запре нападот „во име на човештвото“. „Во име на хуманоста, не дозволувајте да започне во Европа она што може да биде најлошата војна од почетокот на векот“, рече тој. „Конфликтот мора да престане сега“, додаде шефот на ОН, кој рече дека тоа е „најтажниот ден“ во неговиот мандат.

Францускиот претседател Емануел Макрон   остро ја осуди руската воена акција против Украина, ветувајќи дека Париз ќе соработува со сојузниците за да се стави крај на војната.

„Русија мора веднаш да стави крај на своите воени операции“, напиша Макрон на Твитер, нагласувајќи дека Русија донела одлука да „води војна“ против Украина.

„Франција е солидарна со Украина. Таа стои до Украинците и работи со своите партнери и сојузници за да се стави крај на војната“, додаде тој

За време на обвинетиот вонреден состанок на ОН, украинскиот амбасадор Сергиј Кислица го замоли советот, со кој претседава Русија, „да направи се што е можно за да се запре војната“. Тој побара рускиот амбасадор да се откаже од функцијата претседавач.

„Нема чистилиште за воени злосторници. Тие одат директно во пеколот, амбасадоре“, рече Кислица.

ЕУ со едногласна остра осуда на рускиот напад врз Украина

Европскиот Совет и Европската Комисија заеднички ја осудија руската инвазија во Украина која започна во текот на оваа ноќ, лидерите на земјите членки на ЕУ се состануваат вечерва за вонреден самит.

-Го осудуваме на најостар може начин рускиот воен напад без преседан врз Украина. Со своите неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија најбрутално го крши меѓународното право и ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност, порачаа преку заедничко соопштение претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

Британскиот премиер ќе претседава со кризен состанок по рускиот напад врз Украина

 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе претседава со итен состанок на кој ќе се разговара за „ужасниот“ руски напад врз Украина, соопшти неговиот кабинет.

„Премиерот ќе претседава со COBR во 07.30 часот (локално и GMT) за да разговара за одговорот на ужасните напади во Украина утринава“, изјави портпаролот на Даунинг стрит.

ОБСЕ со осуда за руската воена акција во Украина, повикува на итен прекин на воените активности

Вршителот на должноста шеф на ОБСЕ, шефот на полската дипломатија Збигњев Рау и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид остро ја осудија денеска руската воена операција во Украина.

„Силно ја осудуваме воената акција на Русија против Украина. Нападот врз Украина ги доведе во сериозна опасност животите на милиони луѓе и претставува сериозно кршење на меѓународното право и руските ветувања“, се вели во соопштението на Рау и Шмид.

Тие повикаа на итен прекин на сите воени активности.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ