• Latest

Осуда за говор на омраза, сомнително претседателство, тензично СЈО и неизоставните претседателски избори

April 9, 2019
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Осуда за говор на омраза, сомнително претседателство, тензично СЈО и неизоставните претседателски избори

April 9, 2019 18:20
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателство

Во последните денови од својот мандат, претседателот Ѓорѓе Иванов, е актуелен повторно со случајот „27 април“. На претседателската адреса стигнале 16 барања за помилувања, за кои се верува дека се пратени од семејствата на осудените.

Од Кабинетот на Ивано официјално потврдуваат дека барањата пристигнале, но не откриваат на кои осудени се однесуваат.

Во јавноста се разви дискусија колку претседатело им дискреционо право да врши помилувања, со оглед дека ако донесе тавка одлука ќе се повикува на член 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година, на сличен начин како што помилува 56 лица опфатени во предметите на СЈО, што, пак, беше причина и за започнување на протестите кои подоцна прераснаа во Шарена револуција.

Дилемата кај правните експерти е дали тој член воопшто постои во правниот систем со оглед дека членот 11 од Законот за помилување Уставниот суд го укина во 2009 година,  потоа во 2016 година уставните судии ја поништија одлуката која донесоа шест години претходно. Па врз основа на таа одлука Иванов ги помилува 56 политичари и нивни соработници. Иванов,  подоцна, под притисок на јавноста,  ја повлече одлуката.

ДИК

Државната изборна комисија, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ), денеска ќе ги посети општинските изборни комисии во Дебар, Охрид и Ново Село, а ќе имаше и кратки средби со кандидатите за градоначалници на овие општини, односно нивни овластени претставници.

Исто така, ДИК го збогати Прирачникот за едукација на членовите на Општиниските изборни комисии и на избирачките одбори со видео материјал.

Целта на прирачникот е да помогне кон законско, стручно и квалитетно исполнување на сите активности во рамки на Изборниот законик.

Уште на самиот почеток ДИК предупредува доколку не се почитуваат пропишаните процедури предвидени се и соодветни санкции – мерка отстранување од избирачките органи, парични казни и казни затвор за потешки дела против изборите.

Она што треба да го запомнат членовите на избирачките одбри е да ја почитуваат докрај потпишаната изјава за обезбедување тајност на гласањето и заштита на личните податоци.

Судбината на СЈО

Во текот на вчерашниот ден се одржала ненајавена средба меѓу власта и опозицијата за статусот на Специјалното јавно обвинителство, каде дури се лиферува дека учествувале и самите лидери, Зоран Заев и Христијан Мицковски.

Средбата која првично беше најавена за денеска од страна на премиерот Зоран Заев, завршила со мал напредок, но без конкретен успех, особено во однос на главните точки за кои партиите не се согласуваат.

Партиски извори тврдат дека Заев и Мицкоски биле придружени од министерката Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиковски како претставници на двете најголеми партии.

Од Министерството за правда испратија кратко соопштение каде ја потврдија средбата, но без детали за учесниците и точките за кои е постигнат напредок.

ЦИВИЛни активности

Осуда

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи дадена на 14 март, на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве.

ЦИВИЛ констатира дека со ваквата изјава, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи грубо го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

ЦИВИЛ бара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство да реагираат веднаш и да го повикаат Реџепи на одговорност! Исто така, ЦИВИЛ  побара од Реџепи да се извини и да ја повлече својата изјава!

Какви избори -таква иднина

Конференцијата „Какви избори – таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ ќе се одржи во утре, 10 април, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот стадион) со почеток во 12 часот. На оваа конференција, претставничките и претставниците на ЦИВИЛ ќе споделат со јавноста недоволно познати детали од досегашниот изборен мониторинг.

За различни аспекти на изборниот процес ќе говорат и: претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, заменик министерот за администрација, Александар Бајдевски, државниот советник при Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, уредникот на „Слободен печат“, Бранко Героски, политичкиот аналитичар, Сашо Орданоски, претседателката на Инклузива, Благица Димитровска и низа други.

Говорнички и говорници од ЦИВИЛ ќе бидат: Ангела Петровска, Маја Ивановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала, а модераторка на Конференцијата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

Хроника

Стево Пендаровски, кандидат за претседател, со поддршка на СДСМ и ДУИ, вчера ќе остане забележан со изјавата  дадена пред граѓанките и граѓаните во Шуто Оризари, дека политичарите не смеат да зборуваат за правата на Ромите и да се сеќаваат на нив само на денот на Ромите, туку треба секој ден да се води сметка за нивниот животен стандард. Зошто ќе треба да се запомни? Затоа што веќе две години се на власт, а што направиле за нив?

Што се однесува до Гордан Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, пак, во контекст на Меѓународниот ден на Ромите изјави дека нејзината ќерка ја чувала Ромка. Оценка за изјавата: Уште една класична манипулација од страна на политичар кој користи само одредени денови, кога нешто се одбележува за да се сетат на нешто дека постои, дека е потребна промена…

Блерим Река вчерашниот кампањски ден го исористи да се осврне на концептот едно општество за сите, појаснувајќи дека Северна Македонија не е држава за сите. Тој, како претседател, ќе се залага за ресоцијализацијата на припадниците на ОНА…

„Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец“ истакна Река вчера во Теарце.

Препорака

Наша препорака е да се порчита и размисли за Крушево денес… репортажа на Дехран Муратов од ЦИВИЛ која сликовито низ крушевските заборавени убавини, ја прикажува суровата македонска реалоност.

Б. Јордановска


Фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ