• Latest

Крушево денес…

April 9, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Крушево денес…

April 9, 2019 12:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македониум, Горно маало, Влашко маало, Арнаут маало, Ѓупско маало, Мијачко маало, Мечкин Камен… или со еден збор – Крушево.

Во ова тивко гратче во минатото беше прогласена Крушевската Република, а денес речиси и да нема граѓан(к)и. Тука претежно живеат Македонци и Власи, односно христијани. Ретко може да се види некој муслиман или Албанец, кои од околните рурални средини доаѓаат на пазар, или да завршат некои административни обврски.

Во Крушево останаа само убавите, но, за жал, запустени куќи, или речиси секоја втора куќа е мини хотел во кое се издаваат соби за преноќување. Она што боде очи се и „огласите“ дека – се продава куќата!

Интересно е тоа што во период на изборна кампања нема ниту еден плакат од кандидатите за претседател на државата. Освен на еден контејнер,  пишува „Или Груевски или Македонија“, а на друг контејнер пишува „Стево 3“, и толку.

Партиските штабови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се еден спроти друг, а интересно е тоа што до штабот на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа спортска обложувалница, чиниш граѓаните одат да се обложат кој ќе победи на претседателските избори.

Старите занаети по малку исчезнуваат, или речиси се изумреле, а на старите дуќани одамна веќе има катанци на вратите, бидејќи нема кој да го работи занаетот.

Но, во Крушево сè уште во една куќа има плакати за бесплатен интернет од проектот „Остваруваме“ на претходната влада предводена од Никола Груевски, дека „Македонија е земја на информатичари“.

Претходната власт вложи многу средства во изградба и на спортски објекти, но сепак, терените покрај Крушевското езеро, зјаат празни. А, како ќе бидат полни кога речиси сите млади се отселени од градот!

За тоа колку е запустен градот, сведочи пропаднатата фабрика „Илинденка“.

[envira-gallery id=”95889″]

Во центарот на Крушево, преку ден е мртва тишина, освен во четврток кога е пазарен ден. На градскиот пазар со големи букви пишува „Општина Крушево“ и во прв поглед се добива впечаток дека тоа е општинската зграда, а не градскиот пазар.

Преку ден плоштадот е празен, како и локалните кафулиња. Толку е празно што во работно време, во месарницата „Питу Гули“ стои натпис залепен на прозор – „Идам одма на повик, одма“. На само неколку метри се наоѓа и месарницата „Црвена звезда“, каде што се продаваат крушевски колбаси и пљачки. „Пљачки“ е крушевски специјалитет што се прави од јагнешки испреплетени црева.

Спротив месарата се наоѓа едно кафуле во кое покрај големиот избор на храна и пијалаци се прави и похован сладолед и пилешко во цигански сос. Додека во друга кафеана стои натпис дека има „Ќебапи за Војводи“.

Во ова мирно гратче нема графити на навивачките групи кои најчесто се исполнети со говор на омраза. Единствен графит е „Реал Мадрид“.

Во Крушево  речиси во секоја уличка може да се види по некој споменик од некој Комита, кои сведочат за храброста и борбата за слобода и правдина. Во истото гратче се наоѓа и музејот посветен на Тоше Проески, кој, иако не загина како Комита, неговото име се величи како голем херој и поборник за права и правдина, и кој преку своите песни ширеше љубов, мир и разбирање.

Додека траеше работилницата „Соочување со минатото“ на Мировна акција, никако не можев да разберам како градот во кој беше прогласена независна Република, денес речиси е празен…

Дехран Муратов

Share220TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ