• Latest

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026 14:54
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Русија продолжува со масовните воздушни напади врз Украина, додека украинските власти предупредуваат дека Кремљ се обидува да ги компензира неуспесите на фронтот преку терор врз цивилното население и критичната инфраструктура. Во текот на изминатите 48 часа, Кијив и други украински градови беа цел на напади, меѓу најголемите комбинирани напади од почетокот на годината, со стотици дронови и десетици ракети.

Според украинските воздухопловни сили, Русија во нападите лансирала околу 600 дронови и 90 ракети, вклучително и балистички и хиперсонични системи. Главна цел повторно бил Кијив, каде што се регистрирани десетици погодени локации, оштетени станбени згради, училишта, пазари, инфраструктурни и културни објекти.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, на платформата X објави:

„Дејствата на рф не се ништо друго освен обид да ги компензира неуспесите на фронтот со терор врз мирните градови. По вчерашниот напад Украина иницираше итни меѓународни механизми за реакција. Само решителен одговор на меѓународната заедница може да го запре кремљ од секојдневни убиства.“

Дејствата на рф не се ништо друго освен обид да ги компензира неуспесите на фронтот со терор врз мирните градови. По вчерашниот напад 🇺🇦иницираше итни меѓународни механизми за реакција. Само Решителен Одговор на меѓународната заедница може да го запре кремљ од секојдневни убиства pic.twitter.com/WsOp3aTKrE

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 25, 2026

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибига порача дека Русија се обидува да ја заплаши не само Украина, туку и целиот свет.

Во објавената изјава, Сибига вели:

„Путин се обидува да ја заплаши Украина со напади врз цивили и уништување станбени згради, музеи, училишта и критична инфраструктура. Тој, исто така, се обидува да го заплаши светот со лансирање балистички ракети со среден дострел врз мирни градови.“

Тој повика на координирана реакција од меѓународната заедница:

„Сето ова бара силна и координирана акција од меѓународната заедница. Ги повикуваме нашите партнери на решителни мултилатерални дејствија насочени кон одвраќање на Русија и принудување кон сеопфатен, праведен и траен мир.“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот бил „особено жесток“, додавајќи дека „Кијив беше главната цел на рускиот напад“. Според локалните власти, повеќе од 80 луѓе се повредени, а спасувачките екипи интервенирале на десетици локации низ градот.

Во нападите биле погодени и административни објекти, а украинските власти соопштија дека делумно се оштетени и објекти поврзани со културното наследство, вклучително и делови од Музејот на Чорнобил.

Нападите доаѓаат во време кога дипломатските иницијативи остануваат практично замрзнати. И покрај претходните разговори за прекини на огнот и посреднички напори од САД и европски партнери, воздушните напади и борбите на фронтот продолжуваат со несмален интензитет.

 

1 of 9
- +

Украинските власти предупредуваат дека Русија сè почесто комбинира масовни воздушни напади со психолошки и политички притисок, обидувајќи се да ја исцрпи украинската противвоздушна одбрана и да создаде чувство на постојана несигурност меѓу цивилното население.

Во исто време, Украина продолжува со удари врз руска воена и енергетска инфраструктура длабоко во руска територија, со цел да го наруши логистичкиот и оперативниот капацитет на руската армија.

Западните аналитички и индустриски извори потврдуваат значителен пад на обемот на извоз на руска нафта и капацитетот за рафинирање по украинските напади врз пристаништата, рафинериите и логистичката инфраструктура. Некои проценки укажуваат на пад на обемот на извоз по море од околу 20-24 проценти во текот на пролетта 2026 година, што е директна последица од украинските „санкции“.

Џ. Дерала

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ