• Latest
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026 19:17
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џелал Хоџиќ

Во сабота во Куманово се одржа собир за поддршка на авторитарниот лидер Александар Вучиќ, додека во исто време во Белград стотици илјади луѓе протестираа против авторитарната власт во Србија. Пораката од собирот во Куманово е дека Србите и Македонците од Северна Македонија се за Александар Вучиќ, во неговата борба против стотиците илјади студенти, млади, граѓани на Србија кои ја сочинуваат тамошната демократската јавност. Со други зборови: Дел од Србите и Македонците од Македонија се против стотици илјади Срби во Србија, за да ја спасат актуелната недемократска власт устоличена во Белград.

Овој срамотен собир во Куманово на вљубениците во големосрпската пропаганда и авторитарните вредности има и друг агол. Ако се погледне од друга перспектива, станува јасно дека Куманово, кој е град во држава членка на НАТО, се солидаризира со авторитарен лидер на соседна држава, чија режимска пропаганда и во Србија, но и во Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина продуцира анти-НАТО и анти-ЕУ расположение. Сето ова се случува во исто време кога македонската демократска јавноста чека одговори и разрешување на шпионската афера во кабинетот на Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, за која деновиве пишуваат медиумите кај нас.

Третата слика од срамотниот собир во Куманово е дека Северна Македонија е дел од „Српскиот свет“, заедно со Србија, ентитетот Република Српска во БиХ, како и делови од територија на Косово и Црна Гора, чија политика се води по насоки на авторитарниот режим во Белград. Таа политика има свои карактеристики: примитивен национализам, авторитарно владеење спротивно на демократските вредности, како и продуцирање на проруско и антизападно расположение. За да стане појасно, треба да се каже дека во пресрет на собирот за поддршка на Вучиќ во Куманово, во Северна Македонија доаѓа претседателот на Српска напредна странка на Србија, Милош Вучевиќ. Тој на 16 мај остварува партиски средби со Христијан Мицкоски и Иван Стоиљковиќ, но сепак се работи за премиер и вицепремиер во Влада на Северна Македонија.

Овој фестивал на авторитарната политика во Куманово е симптом и на паниката на официјален Белград, но и на официјално Скопје, по бруталниот пад на нивниот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. Треба да се биде фер и да се каже дека оваа кулминација на соработката на авторитарната политика во „Српскиот свет“ имаше своја претходна поблага фаза, кога режимот на Александар Вучиќ се обидуваше да добие регионална факторизација преку иницијативата „Отворен Балкан“.

Пораката од протестот во Белград е дека студентите, младите и демократската јавност во Србија се против Александар Вучиќ, неговиот режимски апарат и неговото авторитарно владеење. Додека пораката од Северна Македонија е дека официјално Скопје е ставено комплетно логистички во функција на опстанокот на официјален Белград, сосе целата пропагандна машинерија, со сите авторитарни методи, како и со целиот антизападен наратив. Како тргнало, останува уште само да видиме дали следно ќе биде режимот на Александар Вучиќ пред изборите во Србија (оваа или следната година) својот избирачки список да го „полни“ со свои гласачи од Северна Македонија, како што на времето Никола Груевски својот избирачки список во Македонија во 2013-2016 година го „полнеше“ со свои гласачи од Пустец, Албанија.

Интересен е феноменот дека македонскиот примитивен национализам е штетен по стратешките интереси на Северна Македонија исто како што српскиот примитивен национализам беше штетен и по Југославија, но и по Србија. За ова ќе пишувам во некоја следна прилика. Сега е доволно да се каже дека примитивниот национализам и во Србија и во Северна Македонија се храни од антидемократски и антизападни наративи.

Веќе две години и кусур во македонското општество трае молкот од примитивниот македонски национализам кон српскиот примитивен национализам кој Северна Македонија ја прогласува за Стара Србија, како и кон прославите на битките во македонските градови кои македонската историографија ги означува како почеток на српската окупација на Вардарска Македонија.

Но она што повеќе загрижува е тоа што трае молкот и на носителите на највисоките функции, Претседателката на државата, премиерот и вицепремиерите, министерот за надворешни, министрите за одбрана и внатрешни работи, министерот за култура, претседателот на Собрание, како и претседателите на партиите кои се дел од владејачкото мнозинство. Сите се плашат, да не им замери диктаторот Вучиќ!

Единствената добра работа во оваа лудница е дека паднаа маските и на многу од политичарите во Северна Македонија кои градеа кариери преставувајќи се лажно и лицемерно како демократи.

 


Џелал Хоџиќ е македонски политичар, колумнист и претседател на СДА Македонија. Неговата кариера е обележана со ангажман во граѓанскиот сектор, медиумите, и државните институции.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | CC BY 4.0 | Текстот е личен став на авторот.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ