• Latest

ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

May 20, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

May 20, 2026 08:37
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Мирослав Јовановиќ / Слободен печат

Изминатава сабота престана животната линија на, ќе бидам слободен да напишам, светски познатиот Предраг Кораксиќ – Коракс, врвниот карикатурист и општествен критичар на сè што го заслужуваше неговото внимание и перо. Човек кој непогрешливо знаеше да го одбере вистинскиот општествен момент со навидум обичен цртеж – карикатура, да предизвика општествен потрес и со недели да ја бранува јавноста и политичката сцена во Југославија, во Србија, во регионот. Тоа го можеа само одбраните и ултраталентирани личности на своето време. Знаеше да одбере шуплива изјава на политичар, која народот на прва требаше да ја проголта и дотичниот да го изложи на потсмев, а често негови „муштерии“ беа ликот и делата на тогаш и сега актуелните авторитарни балкански деспоти.

Непогрешливо знаеше во сложен општествено-политички контекст да ги лоцира продавачите на магла, демагозите, „усреќителите“ на народот, националистите, и со суптилен потег на своето перо целосно да ги соголи и да ја претстави нивната празна но опортунистичка суштина.

Поради својата слободољубивост и личното „вјерују“, Коракс често беше во судир со уредниците во медиумите во кои работеше; не претпочиташе да биде на линија на власта и тој став лично го чинеше. Прво со цензура, а потоа со протерување од тогашниот белградски медиум „Вечерње новости“ по триесет години работа. И покрај сè, секогаш беше спремен да ја плати високата цена на својот бескомпромисен став и на идеалите во кои веруваше, а тоа беа правдата, општествената ангажираност, правото на вистина. Тоа беше повеќе од одважност во времиња-невремиња, кога за изјава во кафеана или на грешно место – можевте да бидете прогласен за народен непријател и да ве изеде темницата.

За повозрасните – симбол на слободоумието, метафоричноста, духовитоста, луцидноста, оригиналноста; за помладите, само еден од многуте цртачи. Ова би важело кога светот би бил сочинет од црна и бела боја; тој беше повеќе од сè. Сам по себе – општествено движење и независен глас, јавна совест, и по правило секогаш на страна на послабиот. Во своите карикатури знаеше да го штити обичниот човек и неговите права наспроти ароганцијата и глупавоста на државата. Со еден цртеж беше во состојба да исмее цел закон, да ја обесмисли власта и нејзините перјаници. Не беше воопшто нежен и кон разноразната опозиција низ времето. Секој негов цртеж беше морално етичка пресуда за идиотите, без разлика дали се од оваа или од онаа страна на власта. Неговите карикатури се прераскажуваа.

Конечно, Коракс беше документарист на своето време и век; низ неговите карикатури, во денешно време и перспектива – може да се реконструира југословенската, српската и регионалната историја и општествените текови. Неговите карикатури денес претставуваат повеќе од цртеж или сатирична порака; тие се сведоштво за едно време, луѓе и настани кога воопшто не беше лесно да се биде човек, критичар и мислител, без амбиции наведениве особини да се капитализираат. Своето животно дело го создаваше длабоко верувајќи во она за што господ му дал дарба; прецизна линија, чиста мисла и способност со само еден цртеж да „напише“ сатира или есеј. Тоа го можеа само избраните. Вечна слава, мајсторе!

П.С.

Секое здраво општество треба да има повеќе свои Коракси; доколку ги нема, тие треба да бидат измислени, последично негувани како ретко растение и секогаш да бидат во служба на јавното добро. Во спротивно, отсуството на такви луѓе ќе биде доказ дека општеството се наоѓа во претшколска возраст и ниво на одговорност. Ќе нема кој на граѓанството да му „нацрта“ дека царевите и царчињата се голи, а тоа е сигурен вовед во катастрофа.


Извор: Слободен печат


Мирослав Јовановиќ е медиа директор на „Слободен печат“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ