Првите осум странски бродови пристигнаа на пристаништата во Украина за извоз на земјоделски производи, додека украинската морнарица е вклучена во обезбедувањето безбеден транспорт, објави на Фејсбук прес-службата на морнарицата, пренесува Укринформ.
„На барање на Министерството за инфраструктура, поморските сили на вооружените сили на Украина се приклучија на напорите за обезбедување транспорт на земјоделски производи со цивилни бродови преку вливот Бистре на каналот Дунав-Црно Море. Првата група од осум странски бродови веќе пристигна на пристаништата во Украина“, се вели во соопштението.
Забележано е дека користењето на каналот стана возможно благодарение на ослободувањето на Змискиот остров од руските окупатори, што „им овозможува на силите да ја контролираат површинската и делумно воздушната ситуација на југот на Украина. Претходно, окупаторите го блокираа движење на цивилни пловни објекти во јужниот дел на нашата земја“.
Морнарицата потсети дека порано, поради блокадата на цивилната пловидба, бродските компании беа принудени да го користат каналот Сулина, што доведе до акумулација на голем број бродови и значителен сообраќај на каналот.
Како што е соопштено, поради руската агресија и блокирањето на пловидбата во Црното Море, милиони тони украинско жито беа заглавени во украинските пристаништа, од кои голем дел беше наменет, според Светската програма за храна на ОН, за борба против глобалната криза. Со делумно враќање на извозот на земјоделски производи по река, Украина придонесува за решавање на светската криза.
Повеќето од пристаништата во нашата земја остануваат затворени бидејќи руските трупи продолжуваат да ги напаѓаат критичните инфраструктурни објекти и цивилните бродови во Црното Море. Неодамна, непријателот изврши ракетен напад врз транспортниот брод „Millennial Spirit“ кој плови под знамето на Молдавија, со што всушност го потона бродот.
Подготви: Д.Мишев