Семејство од осум члена, меѓу кои и четири деца, е застрелано во привремено окупираната Макиивка, Донецката област. Окупациските власти тврдеа дека убијците биле обични крадци, кои веќе се уапсени, но Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, потенцира дека убиството го извршиле платеници од руската приватна паравоена организација Вагнер.
Според објавите во медиумите, најмладиот од убиените е едногодишно дете. Убиени се и деца на возраст од седум и девет години.
Андриушченко истакна дека ова злосторство е извршено од етничка природа, бидејќи е убиено семејство од ромска етничка припадност. Освен тоа, сите загинати имале прострелни рани во главата од непосредна близина.
Тој додаде дека заедно со својотт тим речиси цела ноќ ја поминале во истрага, оценувајќи дека ова убиство го извршиле „неколку чудовишта во воена униформа“, но окупаторите ќе го прикријат злосторството на Русите, како што направија во Мариупол.
Андриушченко сугерира дека таквите злосторства може да продолжат, бидејќи Русија регрутирала „нелуѓе и криминалци, неонацисти и друго човечко ѓубре“ да учествуваат во борбите.