Ноќеска пред полноќ, со 56 гласови „против“ на парламентарното мнозинство, во Собранието беше отфрлена интерпелацијата за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„За“ интерпелација гласаа 43 пратеници од опозицијата.
Одговарајќи на обвинувањата на опозицијата, на првата расправа за интерпелација за министер од кабинетот на Зоран Заев, министерот Димитров вчера во Собранието, потенцираше „Јас, како министер, немам намера да отворам прашања од минато чија цел е конфронтација и заглавеност. Не ни треба натпревар чии споменици се поголеми за да бидеме горда нација! Првокациите се аргументи против нашите национални интереси“.
Седницата продолжува денес во 16 часот, а на дневен ред се барањата за отповикувњата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Николовски и Мила Царовска