• Latest

Димитров: Провокациите на ВМРО-ДПМНЕ се против македонските национални интереси!

September 11, 2017
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Провокациите на ВМРО-ДПМНЕ се против македонските национални интереси!

September 11, 2017 17:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната одбрана од интерпелацијата која за него во Собранието, ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека по толку години стагнација и назадување, сега, кога конечно вратите се отворени и се случува нешто позитивно за Македонија, разбирлива е возбудата на ВМРО-ДПМНЕ. „Промовирате грдо лице за Македонија во светот и ми ја правите работата потешка!“, ѝ порача Димитров на ВМРО-ДПМНЕ. 

За договорот за добрососедство со Бугарија, Димитров рече дека 98 отсто бил наследен од претходната власт и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие.

„Хипокирзија е ако започнеш и учествуваш во преговарачки процес кој трае со години, си го водел нетранспарентно а обвинуваш дека не е транспарентно потпишувањето. 98 отсто од договорот со Бугарија го наследив, бил преговоран со години! Тие два отсто кои успеавме да ги смениме се апсолутно подобрување на текстот и во делот на зедничката историја. Во однос на грижата за нашето малцинство, мешање во внатрешните работи на друга држава не е политика на Република Македонија и тоа го има во вториот амандман во Уставот и во Времената спогодба. Обврските на соседска Бугарија се наоѓаат во меѓународната конвенција што го таргетира ова прашање и е член 14 што не постоеше во претходниот текст“, рече Димитров.

Хипокризија е, рече тој, да се повикуваш на добрососедство, а да не работиш на негово подобрување. Да се самодекларираш, како заштитник на националните интереси, а да не понудиш одржлива иднина на сите граѓани.

Во однос на спорот за името со Грција, Димитров рече дека решението ќе биде прашање на широк, нацинален и политички консензус.

„Како што знаете, договорот со Бугарија е прв нацрт-текст дебатиран пред да биде потпишан. Јасно е дека надминувањето на разликата околу името може да биде постигнато низ транспарентен процес. Јас како министер, немам намера да отворам прашања од минато чија цел е конфронтација и заглавеност. Не ни треба натпревар чии споменици се поголеми за да бидеме горда нација! Првокациите се аргументи против нашите национални интереси“, одговори Димитров. „Спорот со името“, вели Димитров, „е долгогодишно и комплицирано прашање кое бара сеопфатен приод, но не може да го игнорираме, додаде, слонот во собата“.

Според министерот, и прашањето за бегалците се злоупотребува, за ширење на дезинформации, дефокусирање и предизвикување страв кај граѓаните. Никој нема побарано, рече, Македонија да стане дестинација за прием на бегалци.

„На опозицијата очајно ѝ треба нов наратив. Не сакате да зборуваме за пустошот, но само лошо правите со стравот од бегалци кои практично ги нема. Во прифатниот центар во Скопје има 23 од кои 18 се деца, избегани од војна. Промовирате грдо лице за Македонија во светот и ми ја правите работата потешка!“, порача тој.

За неговиот ресор во „стоте дена на Владата“, тој рече дека остварил средби со 37 министри за надворешни работи, дал над 30 интервјуа, и се сретнал со над стотина меѓународни претставници.

Tags: ВМРО-ДПМНЕгрдата слика за Македонијадоговорот со БугаријаинтерпелацијаНикола ДимитровСобраниеспор за името
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ