• Latest

Откако Арсовска се попишмани, Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

November 15, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Откако Арсовска се попишмани, Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

November 15, 2023 15:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на  Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Како што истакнуваат, имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедни преку Владата на Република Северна Македонија.

„Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Новиот систем е предвидено да има две линии кои ќе го поврзуваат градот по линија исток-запад, првата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и втората линија север-југ, од Бутел до Пинтија, а двете линии ќе се преклопуваат во центарот на градот. Преку овие инвестиции, Владата преку Министерството за транспорт и врски ја спроведува транспортната политика за ефикасен и еколошки транспорт во урбаните средини“, се нагласува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како што минатат недела соопштија од град Скопје, се попишмани во врска со проектот БРТ што го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

„Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ…“, се наведува во соопштението од Град Скопје

На таквото пишманење на Арсовска реагираше поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, во објава на Фејсбук. Тој нагласи дека „новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години“.

„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите отпосле им текнува.

После 2 години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години:

– Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.

Фрлањето прашина во очи “со отклонување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбирам како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост. Впрочем, 2 години сме сведоци дека незнаењето го кријат со перманентен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори.

Загубените 2 години (досега ќе беше во полн ек изградбата) и парите кои како камати се платени во меѓувреме, за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани“, реагира Шилегов.

Едно од главните предизборни ветувања на Арсовска чија кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, беше дека проектот брз автобуски транспорт (БРТ) нема да биде реализиран. Таа откако ја презеде функцијата на градоначалничка рече дека граѓаните со нејзиниот избор, гласале за проектот за набавка на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз.

За БРТ во Скопје, во Парламентот беше донесен и закон за задолжување од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која позитивно го оцени и одобри овој проект. ЕБОР додели 70 милиони евра за реализација на овој проект.

Во ноември 2021 година министерот за транспорт и врски Благој Бочварски нагласи дека во предлог-буџетот за 2022 година предвидени се 246 милиони денари (4 милиони евра) за воведување брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје. Тој тогаш нагласи дека тендерската постапка за овој проект е во тек и ја повика Арсовска да ја преиспита најавата за откажување на проектот.

Ј. Ѓорѓиоски / извор: Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ