Откако партијата „Има таков народ“ не успеа да освои ни 5 % од гласовите, лидерот Слави Трифонов продолжи со националистичките барања и говорот на омраза.
„Новото бугарско Собрание треба веднаш да го врати ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ“ – побара Трифонов преку Фејсбук.
Причина за барањето на Трифонов е поради тоа што пратениците во македонското Собрание дадоа поддршка по скратена постапка за носење на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.
„Собранието во Северна Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој?
Прогонот против се што е бугарско во Северна Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери, што не е изненадување. Доколку Европската Унија се уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Северна Македонија за членство во Унијата. Северна Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за Унијата каде што човековите права и правото на самоопределување се основни.
На Бугарија и е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на разговор новиот амбасадор на Северна Македонија во нашата земја.
Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Северна Македонија. Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.
Со новиот закон во земјава нема да може да се користат имињата како „Цар Борис Трети“ „Цар Фердинанд“ или „Иван Михајлов“.