Книжарниците во Русија ги отстрануваат делата со ЛГБТ тематика од своите полици, откако Владимир Путин потпиша нов закон со кој се проширува забраната за ЛГБТ пропаганда и се ограничува „демонстрирањето ЛГБТ однесување“.
Имено, во 2013 година во Русија беше забрането да се промовира „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ на малолетници. Но, со новиот закон се забранува ширење на такви информации на луѓе повозрасни од 18 години, пишува Скај њуз.
Секоја постапка или информација за која се смета дека е обид за промовирање на хомосексуалноста – без разлика дали во јавноста, на Интернет или во филмови, книги или реклами – може да биде казнета со голема парична казна.
Новиот закон забранува рекламирање, медиумски и интернет ресурси, книги, филмови и театарски продукции за кои се смета дека содржат таква пропаганда.