Уште една масовна гробница е откриена во градот Мариупол, објави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол.
„Нова масовна гробница [е откриена] под урнатините во областа [на Мариупол] на левиот брег, на улица Киевска 53. Повторно повеќе од 100 тела на луѓе од крајот на февруари. Окупаторите ги демонтираат урнатините во близина, но никој не кажува за повторното погребување. Луѓето всушност продолжуваат да живеат во крипти“, напиша Андриушченко на Телеграм, пренесува Укринформ.
Според него, ексхумацијата всушност е запрена во Мариупол. Окупаторските власти се толку зафатени со создавање слика на закрепнување што немаат време за повторно погребување.
Како што е соопштено, Мариупол доживува една од најголемите хуманитарни катастрофи предизвикани од руската агресија. Градот бил речиси целосно уништен како резултат на непријателското гранатирање. Мариупол нема нормално снабдување со струја, вода и гас.
Подготви: Д.Мишев