• Latest

Откривање на македонските, регионалните и светските „Перспективи 2023“ во организација на ЦИВИЛ

December 30, 2022

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Откривање на македонските, регионалните и светските „Перспективи 2023“ во организација на ЦИВИЛ

December 30, 2022 10:53
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Перспективи 2023“ е специјален мултимедијален и медиумски настан кој тимот на ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦИВИЛМедиа го организира од 2017 година.

Извонредно богатство од изјави, интервјуа, анализи и ставови се собираат, на едно место, на крајот од декември и почетокот на јануари секоја година. На тој начин, ЦИВИЛ дава придонес кон општествено политичкиот дијалог во земјата и ги одредува главните насоки, препораки и прогнози за годината пред нас, а воедно дава оценка и за годината што ја оставаме зад нас.

И оваа, шеста година по ред, „Перспективи 2023“ ги обедини ставовите и оценките на релевантни претставници на граѓанското општество и медиумите, аналитичари, јавни личности, и креатори на политиките и практиките за најважните прашања во изминатата и перспективите за претстојната година. Тие одговараа на две, навидум едноставни прашања:

Како ќе ја оцените годината што изминува?
Кои се перспективите во претстојната година?

Според новинарот Дехран Муратов 2022-та беше турбулента година во која дезинформациите изобилуваа, а некои партии се обидоа да политички да профитираат од истите.

„Имавме турбулентна година, во која изобилуваа дезинформациите. Дел од политичките партии се обидоа од секоја ситуација политички да профетираат.

-Има луѓе по затвори за насилство, но тие што ги поттикнаа се на слобода и дел се од пропагандата.

-Во 2023 очекуваме неселективна правда и криминалците да завршат во затвор, бидејќи ако нема правда ќе заминат младите од државата, вели Муратов.

Новинарот Драган Мишев се осврна на руската агресија врз Украина.

„Беше тешко да се издвои професионалното од човечкото, беше таков настан што не остави рамнодушен никого во светот, од демократскиот, слободарскиот свет.

„Како светла точка покрај сите тие напади, покрај сите тие злосторства што се случуваат таму (Украина) не успеаја да го скршат духот на Украинците, тие ја бранат не само својата земја од воената руска агресија, туку го бранат целиот демократски свет, ја бранат демократијата и слободата„

Новинарот Назми Абдурахмани прашуван за состојбата со медиумите истакна дека мораме како медиумски работници да смогнеме сили за борба со пропагандата и лагите.

„Медиумите се опасна алатка во погрешни раце, 2022 година беше предизвикувачка зато што во земјава на пример се покануваат гости што дури и искажуваат и говор на омраза, и ако продолжи на ваков начин може да предизвикува некасани последици. Мислам дека сите ние треба да смогнеме сили, особено во вакви времиња каде што имаме тензични ситуации да го издвоиме лагата од вистината“.

Новинарката Соња Танеска смета дека како и во повеќето земји во светот, македонската економија требаше да почне да закрепнува во 2022 година, но се случи руската инвазија врз Украина, па од ковид криза влеговме во енергетска криза бидејќи европа беше премногу зависна од рускиот гас.

„Ова предизвика глобални предизвици и пораст на цените, кои би требало да се стабилизираат во текот на 2023 година, кога и се очекува смалена инфлација од околу 7 проценти“.

„Како перспектива за 2023 година е воведувањето на прогресивниот данок, со што треба компаниите, особено помалите компании да разбрат дека плаќаат најмали даноци во Европа“, вели Танеска.

„Преку разговори со граѓаните можеме да добиеме точна слика со состојбите со меѓуетничките односи, како и за национализмот, и тоа не само на настани, туку и со меѓусебна интеракција.

-На пример, во автобус, на пазар, на гости, како функционираат меѓуетничките односи. Во нашата земја треба конечно да започне не само препознавање, туку да се поттикне желбата за препознавање на културата на другиот, па потоа доаѓа и почитувањето, ако постои желбата како живее другиот, во своето опкружување, каква е таа култура, изјави меѓу другото Дијана Тахири на јавниот настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

-2022, како и сите е година со радости и таги. На внатрешен план, за жал, политичката култура остана на маргините како кочница за македонските реформи и ЕУ интеграции, смета новинарот и аналитичар Зоран Иванов.

– 2023 да се надеваме на кооперативен меѓупартиски дијалог, на разум на опозицијата да не се однесува како „одрон” на ЕУ патот и конечно Македонија и официјално да ги почне ЕУ преговорите, додава Иванов.

-Она што ја одбележа 2022 година, сите случувања од почетокот на годината, призвукот на барањето на предвремени парламентарни избори од опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ. Тие го искористија моментот со настаната економско-енергетска криза наметната руската агресија врз Украина, гласањето за европскиот предлог за пристапните преговори за членство во ЕУ, ги болкираа законите битни за граѓаните, од кои тие зависеа. Се поставуваше и прашањето кога велта дека работат во интерес на граѓаните, на кои граѓани конкретно мислат“, изјави Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

„Во 2023 година се надевам дека оптимизмот на Владата ќе опстои, барам во исполнување на „сонот“ на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Сепак, кај нас сè е можно. Може да се случи нешто непредвудено што ќе биде тригер што ја ќе поттикне извршаната власт да прифати предолг за предвремени парламентарни избори, со оглед на сите они е проблеми што се очекува да не следат и во 2023 година“, смета Јордановска.

Целиот настан погледнете го во видеото

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ