Отстранет е рингишпилот кој беше поставен пред една година спроти Министерството за надворешни работи, поточно на плоштадот „Пресвета Богородица“ во Скопје, известува граѓански новинар.
Рингишпилот беше под надлежност на ДООЕЛ „Луна“ со кој стопанисува Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. За него беа издвоени 11. 500 000 денари.
Поранешниот директор на „Паркови и зеленило“ Душко Авировиќ, во времето кога се постави оваа вртелешка пред МНР изјави дека оваа локација ќе се користи само додека не се реконструира Луна Паркот, каде потоа ќе биде префрлена.
Луна Паркот се уште не е реконстуиран, а не е познато каде исчезна рингишпилот.