• Latest

Отворен фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово

October 2, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворен фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово

October 2, 2019 09:31
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Со претставата „Странци“ на Драмски театар-Скопје синоќа беше отворен  22. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Во наредните две недели публиката ќе има можност да ужива во дванаесет комедии од театри од државава, Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија.
Оваа година новина е што гледачите ќе може да ги оценуваат претставите од еден до пет, по што ќе биде прогласена најдобра претстава од публиката. На првата фестивалска вечер кумановци ја проследија комедијата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ, во која настапија Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Во наредните денови на фестивалот ќе бидат изведени и комедиите: „ Љубаф“ на Градско казалиште „Јозо Иванкиќ“ од Винковци, Хрватска, „Чекори“ на Театар Куманово, „Мој термин“ на МНТ-Скопје. „Одам на лов“ на Велешкиот театар,  „Власт“ во изведба на „Славија“ од Белград,  „Жени пред нервен слом“ на Театар Комедија-Скопје,  „Школо за љубовници“ на Академија-Белград, „Смеј се за збогум“ на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, „Доктор Шустер“ во изведба на театарот „Андон Зако Чајупи“ од Корча, Албанија,  „Запознај го мојот татко“  на продукција „Како вам драго“ од Белград, а „Деновите на комедијата“ ќе ги затвори Кумановскиот театар со претставата  „Бегалка“.

Кумановци синоќа имаа можност да гледаат и стендап-комедија на Весна Петрушевска, а  Центарот за култура на отворањето на манифестацијата му додели и награда за долгогодишно уметничко творење на актерот Илија Струмениковски во Кумановскиот театар за неговата  богата кариера, настапи во театри, филмови, серии.

Директорот на Кумановскиот театар Сашо Тодоровски истакна дека е горд што имаат фестивал за кој салата е исполнета до последно место, а билетите се распродадени за само три дена. Им се извини на тие што не уаспеале да дојдат до билет затоа што  салата има  670 места, а информираше дека в година половина од билетите ќе можат да се купат онлајн, а половина ќе се продаваат на билетарница.

Фестивалот за отворен го прогласи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој нагласи дека општината ќе продолжи да го поддржува и им се заблагодари на сите кои низ годините придонеле за неговиот развој. 

-Верувам дека во следните две недели кумановци и гостите коишто ни се дојдени ќе уживаат во комедијата, бидејќи, нели, ние сме градот на шегата, на смеата, на боемството и посакувам да си поминат сите убаво, на актерите професионален настап, како и секогаш досега, и она што е најбитно – да избегаме од општественото секојдневие, изјави Димитриевски.

Фестивалот годинава доби поддршка и од Министерството за култура. На отворањето присуствуваше националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата, Роберт Алаѓозовски, кoj истакна дека „Денови на комедија“ се културно обележје на Куманово.

-Поддршката е постојана и ние очекуваме дека со новото законско решение кое овозможува манифестации да добијат статус од национален интерес, а со тоа и повеќегодишно финансирање, како и со можноста институциите од областа на културата да добиваат резервиран буџет, да имаат автономија сами да управуваат со буџетот, па во таа смисла тие самите да одлучуваат на која од активностите и манифестациите ќе им даваат повеќе поддршка. Верувам дека доаѓаат поодбри денови за самиот фестивал и воопшто дека поддршката на културата и развојот на културата ќе може да донесе поголем развој, поголем квалитет, интернационализација, секако децентрализација, затоа што сè повеќе луѓе, не само од Куманово, туку и од околните градови, да доаѓаат, така што навистина верувам дека фестивалот има иднина и со задоволство дојдов да го проследам отворањето, изјави Алаѓозовски.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ