• Latest

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во Музејот на македонската борба

May 8, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во Музејот на македонската борба

May 8, 2022 18:15
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 8 мај, Денот на сеќавање и помирување денеска во Музејот на македонската борба беше отворена изложба на фотографии насловена „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година, пренесе МИА.

Изложбата, која е реализирана од страна на Украинската амбасада, Украинците и Музејот на македонската борба, тематски е составена од три композиции „Деца на војната“, „Непростливи злосорства на 2022 година“ и „Две војни, исти злосторства“.

На свечениот настан за отворање на изложбата, се обрати украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук која нагласи дека Украинците се херојски и храбар народ.

– Во време на неволја ние сме обединети, ние сме една целина. Ние имаме прекрасна, моќна Армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме. И заедно, со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, со земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалицијата, ќе победиме и сега, затоа што вистината и правдата се на наша страна, потенцира Задорожњук.

Осми мај, како што истакна таа, во Украина и во светот е ден на сеќавање и помирување, односно спомен за загинатите во Втората светска војна, во која загинаа од 8 до 10 милиони Украинци.

– За да ги надомести овие демографски загуби на Украина и беа потребни околу 25 години. Историјата на украинската Втора светска војна е исто така историја на окупација. Ние Украинците се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна. За разлика од Русите, за нас 8-9 мај не е триумф, не е празник, туку спомен, оддавање почит на жртвите од војната, потсетување на страшните злосторства. За нас ова не е култ на победата, туку ценење на мирот и животот, рече амбасадорката Задорожњук.

Војната на Русија против Украина, додаде таа, е страшна војна, без почитување на законите за војна од страна на руските окупатори.

– Тие војуваат не толку против војниците колку против цивилното население, вршат воени злосторства, насилни убиства на цивили, силување на жени и деца. Ова се се одвива во Европа во 21 век, посочи Задорожњук.

На настанот се обрати и директорката на Музејот Даниела Николова, која појасни дека изложбата е претставена на 22 паноа и оти преку фотографии е прикажан процесот на зачувување на сеќавањето и помнење на настаните кои оставаат лузна и на идните генерации.

Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович кој се обрати пред присутните, истакна дека војната во Украина е војна за уништување на украинската нација.

– Се трудиме да допреме до светската заедница за повеќето луѓе конечно да разберат дека оваа војна не е војна само за територија, туку за уништување на украинската нација, рече Урбанович.

На отворањето на изложбата, меѓу присутните беа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, американската, британската, германската и шведската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, Рејчел Галовеј, Анке Холштајн и Кристин Форшгрен Бенгтсон, како и евроамбасадорот Дејвид Гир. мс/вј/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ