• Latest

Отворен нов објект за згрижување на деца во Куманово

May 16, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворен нов објект за згрижување на деца во Куманово

May 16, 2018 13:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шеесетина деца од предучилишна возраст од Куманово ќе бидат згрижени во новиот објект „Детелинка“ на детската градинка „Ангел Шајче“, што денеска свечено беше пуштен во употреба.

Објектот се наоѓа во поранешниот „Пионерски дом“ Куманово и е од цврста градба со површина од 347,47 метри кавдратни, а Министерството за труд и социјална политика за негова реконструкција одвои околу пет милиони денари. Министерката за труд и социјална полтитика Мила Царовска на денешното отварање посочи дека ова е ивестиција во иднината, во најмалдите, им се обезбедува подобар старт на децата во образованието и понатамошен развој на државата. Таа нагласи дека целта на Владата е да се зголеми за 50 проценти опфатот на децата во предучилишно образование, посочувајќи дека постојано се вложува во објекти.

– Од 2019 година заедно со Светската банка и Владата стартуваме програма за унапредување на квалитетот на предучилшното образование, бидејќи тоа треба да е прилагодено на новите општествени текови кои се случуваат и да ги подготвиме децата пред да тргнат на училиште да имаат основни знаења и предзнања не само формални како букви и бројки туку за нивното современо живеење и вложување во општеството понатаму, рече министерската Царовска.

Директорката на градинката, Марина Алексовска, посочи дека оваа градинка ќе има и јаслени групи, по барање од родителите.

– Уште еден прекрасен настан за јавната општинска установа за деца детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово. Тоа е денешното пуштење во работа на овој простор за најмладите од нашиот град. Простор во кој ќе се згрижуваат, воспитуваат и едуцираат децата од предучилишна возраст. Ова е осмиот објект на градинката која постојано расте, се проширува и осовременува“, рече Алексовска.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пак, истакна дека градинката е исклучително значајна за децата  од градот.

– Се заблагодарувам на сите оние кои дадоа допринос овој проект да се трансформира во една успешна приказна и воедно сакам да ја истакнам нашата желба и заложба за создавање на дополнителни добри дела за кои се надевам дека ќе наидеме на поддршка од централната власт, од Владата и ресорното министерство, изјави Димитриевски.

Новата градинка располага со влезен хол, ходник, три занимални, кујна, санитарна просторија за деца,  санитарна просторија за деца и возрасни, перална и други пропратни простории.        

За реконструкција, Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789 милиони денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1,5 милиони денари за опремување на просторот. Просторот има пристапна рампа и е во непосредна близина на посточекиот објект „Кокиче“. (МИА)

Tags: градинкаКумановоМаксим ДимитриевскиМила ЦаровскаМТСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ