• Latest

Отворена седница на ДИК: Одбиен првиот приговор на Беса

December 15, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворена седница на ДИК: Одбиен првиот приговор на Беса

December 15, 2016 14:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со седум гласа ‘против’ и два ‘за’ е одбиен приговорот на политичката партија Беса за Избирачкото место 2333/1 во Арачиново во Изборна единица 2“, констатираше претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по разгледувањето на отворената седница, на првиот од осумте приговори на политичката партија Беса, јавува од лице место, набљудувачот на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

За членовите на ДИК немало доволно релевантни докази во првиот поднесениот приговор на Беса. Претставникот на оваа партија бил доцна известен за седницата на ДИК, па седницата била прекината додека тој не дошол. Најпрвин се разгледуваат приговорите на Беса, оти членовите донеле одлука да ги разгледуваат приговорите според времето на пристигнување.

По најавите за организирано доаѓање на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, пред објектот во кој се просториите на ДИК беше поставена метална ограда.

По заканите на Влатко Ѓорчев упатени кон Зоран Заев и опозицијата, вчера на социјалните мрежи беа повикувани членовите на ВМРО-ДПМНЕ од внатрешноста да бидат „на готовс“, за да одат пред Државната изборна комисија, „за да не им биде украдена изборната победа!“

„Браќа и сестри, бидете денес во вашиот или во најблискиот Општински комитет, во 16 часот. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс! Денеска е можеби тој ден, кога сите ние ќе треба да и се оддолжиме на нашата мила Македонија и ВМРО-ДПМНЕ…!“, беше една пораките што се вртат низ социјалните мрежи. Во друга порака стоеше: „Почитувани, во 16,00 часот во ОК да бидат сите членови на ОК, раководство, функционери. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс!“

Членот на ДИК, Сашо Срцев денес потенцираше дека „Сите очи се вперени кон нас како членови на ДИК, од нас се очекува висок степен на професионалност, непристрасност и објективност за постапување согласно Изборниот законик и правилник каде што точно е наведено што може да биде основ за поднесување приговори“

Македонската јавност очекува висок степен на професионалност на ДИК на оваа седница, поради тесните резултати во недела, и особено поради сите пропусти на ДИК и на изборната администрација во предизборието и на самиот изборен ден.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во вторникот, на прес-конференција, врз основа на првичните анализи, јавно упати препораки и барања до ДИК и до другите надлежни институции

ЦИВИЛ побара целосно повторно пребројување на гласовите во сите изборни единици и ревизија на неважечките гласачки ливчиња, зашто, според податоците од избирачките места, при броењето на гласовите, за неважечки ливчиња се прогласувани и такви, каде што јасно се гледа волјата на гласачите! Освен тоа, ЦИВИЛ бара и прегласување во Избирачките места во кои е забележано сериозно кршење на гласачкото право и изборните процедури, а од ДИК, овозможување увид во пребројувањето на гласовите, во ревизијата на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал – на заинтересираните домашни и странски набљудувачи.

За членовите на Избирачките одбори за кои ќе се утврди дека непрофесионално и неетички ја извршиле задачата или имале конфликт на интереси, ЦИВИЛ препорачува да го изгубат правото да бидат избирани на таа позиција во наредниот изборен процес. Исто така, ЦИВИЛ бара и задолжително да се спроведе итна анализа и истрага за работата на ДИК и на нејзините тела, како и итни реформи на оваа институција, во пресрет на локалните избори во 2017 година.

Tags: Александар ЧичаковскиАрачиновоБесаВлатко ЃорчевЗоран Заевотворена седница на ДИКСашо СрцевСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ