• Latest

Јованоски: Покренати се истраги за злоупотребите во општината

April 30, 2018

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јованоски: Покренати се истраги за злоупотребите во општината

April 30, 2018 14:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за новите цели кои ќе им овозможат на граѓанките и граѓаните поголемо учество во донесувањето на одлуки на локално ниво, како и за практикувањето на европските вредности во општината.

Измина половина година од локалните избори на кои станавте градоначалник на Прилеп, откако претходно 3 мандати општината ја водеше Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ. Толку ли беше добар Ристески што никој не можеше да го победи на избори или се работи за нешто друго?

Следејќи ја целокупната ситуација во Република Македонија, во последните 10 до 12 години, особено општествено политичката ситуација, мислам дека постоеше една состојба во државата на нереална и нелојална конкуренција меѓу политичките субјекти во Македонија. Немаше место за фер игра на сите политички субјекти. И од таа причина мислам дека ова што сакате да ме прашате за минатиот градоначалник, тоа го кажа и тогашната опозиција, презентирајќи ги така наречените бомби, каде што сликовито се објаснува сè она што се случуваше во тој временски период, каде што тогашната позиција беше неприкосновена во сите изборни циклуси, а знаејќи на кој начин резултатите покажуваа дека изборните циклуси што ги правеше во тој период беа нерегуларни, беа исполнети со популизам, и неадекватни работи што се случуваат во Македонија. Сето тоа ми дава за право да кажам дека во тој временски период се она што се случуваше на тогашната позиција несоодветстуваше со она што сега се случува. Сега гледајќи ги и следејќи ги последните локални избори, мислам дека демократското право што го добија граѓаните, без никаква присила, без никаков притисок, го кажаа својот глас и го добивме она што сега го имаме во Република Македонија.

Дали за овие шест месеци сакавте, односно се обидовте да постигнете некоја цел, но не Ви успеа?  Што би било тоа?

Она што го имав замислено што треба да го направам од моментот кога ќе стапам на функцијата градоначалник на Прилеп, во главно ги исполнив своите очекувања, своите заложби, она што го имав замислено да го направам, но знаете, секогаш може и повеќе. Не сум задоволен од целосната моја ефективност и ефикасност, од причини што најдов како во општината, така и во јавните претпријатија во нашиот град, некои недоследности, како што е на пример во општина Прилеп, секторот за урбанизам, каде што имаше многу нерегуларности, недоследности, злоупотреба во службената положба на вработените, на јавните претпријатија, посебно во јавното претпријатие „Пазари“, а особено во јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, каде што имаше вистински злоупотреби на службената положба на одредени кадри, посебно раководителите на овие претпријатија. Тоа беше причината за да не ги исполнам саканите цели до крај, затоа што ова мораше да се надмине, а за тоа ќе ни треба уште малку време. Мислам дека во наредните 6 месеци, до крајот на првата година од мојот мандат, сите овие недоследности и овие заложби што сакав да ги направам, ќе ги исполнам до крај.

Дали се надевате дека за оние кои се одговорни за несовесното работење ќе има ситуација во која ќе одговараат за своите постапки?

Јас се надевам дека ќе има правилна разрешница на сето ова што се случувало во минатото. Има покренато многу постапки за злоупотреба на службената положба.  Се надевам дека ќе има разрешница праведна и правилна за претходното работење.

Во таа смисла, дали со Вас на чело на општина Прилеп, граѓанките и граѓаните имаат повеќе можности за учество во процесите на носење на одлуките на локално ниво и како тоа право ќе им го овозможите?

Јас како човек се залагам за рамноправност и за уживање на сите човекови права, а сега уште повеќе како градоначалник, сè ќе направам што е во моја надлежност и моја можност, граѓаните и граѓанките активно учествуваат и доследно да го кажат својот збор, за донесување на одлуките што треба да ги донесе општината и јас како градоначалник. Впрочем, и со самото мое доаѓање го направив така наречениот граѓански парламент, каде ги вклучив сите граѓани, сите граѓански здруженија, сите невладини организации и поединци да се вклучат во реализацијата на моите заложби што треба да ги направам. Ги слушав нивните проблеми, нивните идеи, нивните мислења и се она што мислам дека е подобро и потреба за да го направиме во наредниот период, следејќи ги нивните барања, мислам дека ќе ги исполнам до крај. Сигурно нема наеднаш и толку брзо, ама ќе учествуваат сите граѓани во донесувањето на моите одлуки во решавањето на проблемите на Општина Прилеп.

Дали Вашата администрација има стратегија за промовирање и практикување на европските вредности, меѓу кои се еднаквоста, антидискриминацијата, почитувањето на човековите права и слободи, социјалната и еколошката правда, зелените технологии, слободата на изразувањето…? Кои се главните препреки една општинска администрација и нејзиниот градоначалник, во овие услови, да ги почитува и брани европските вредности и човековите права и слободи? На кој начин најдиректно придонесувате кон почитувањето на човековите права и слободи на граѓанките и граѓаните на Прилеп? 

Човековите права како едно од најпрестижните демократски работи што треба да се случуваат, еднаквоста посебно, родовата еднаквост, етничката еднаквост, што треба да владее, јас ги почитувам и ги применувам крајно. Во мојот тим што го имам создадено во општина Прилеп, токму родовата еднаквост доаѓа до израз. Сите демократски процеси што треба да се случуваат во општината и воопшто во општеството, ќе направам се заедно со сите мои колеги од опкружувањето да направиме никој да не се чувствува дискриминиран. Се ќе направам тоа да биде во рамките на можностите да се приклучиме кон сите европски стандарди што треба да ги имаме и во нашата општина, и во нашата држава.

Џабир Дерала
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Горан Наумовски

 

 

Tags: Градоначалникевропски вредностиИлија Јованоскиинтервјуопштина пр
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ