Самите почетоци на „Една може“ се потпираат на можноста да бидам дел од ЦИВИЛ“, нагласи Дороти Пачкова од „Една може“ на почетокот на своето излагање на панелот „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.
„Положбата на жената е незавидна, по 6 години на „ Една може“, можеме да кажаме дека влијанието го гледам токму во менување на јавната свест и во перцепциите во однос на самохраните родители. Ако на нашите почетоци бевме ословувани како канцер на општеството и бевме опасни по живот, не упатуваа многу често дури и во јавниот простор да си седиме дома, да си молчиме и да веднеме глава, сега ја имаме поддршката од сите медиуми, кои на некој начин, дури и ја хероизираат работата на една самохрана мајка.“, посочува Пачкова во однос на положбата на самохраните мајки. „Во одонос на препораки она што „ Една може“ постојано го зборува и лобира се квоти. Само кога има квоти за жените од ранливи и маргинализирани категории, на пократки стази, со цел да ги демаргинализираме. Тоа се вика позитивна дискриминација и е алaтка која многу европски земји ја користат токму за да ги извлечат различните категории на граѓанки и граѓани од независните позиции во кои се наоѓаат“ додаде меѓу другото Пачкова.
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети