• Latest

Пад на аерозагадувањето во Скопје – граѓаните дишат почист но не доволно чист воздух

January 14, 2020

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пад на аерозагадувањето во Скопје – граѓаните дишат почист но не доволно чист воздух

January 14, 2020 09:26
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа три недели откако вториот човек во Министерството за животна средина јавно соопшти дека квалитетот на воздухот во Скопје се подобрува.

Според анализирањата на 360 степени, за ПМ 10 честичките во последните осум години – од 2012-та наваму и пресмета во колку од тие 2920 дена скопјани дишеле загаден воздух.

Податоците од мерната станица „Ректорат“ покажуваат дека во 2012 година дури 191 ден на таа локација се дишел нечист воздух, што на екранот е означено со црвена боја.

Можеби било и полошо бидејќи, како што покажува сината боја, 45 дена таа година мерната станица не работела. Квалитетот на воздухот на локацијата се подобрил во следните три години, но по почетокот на изградбата на новите факултети во непосредна близина – ако може да прави таква поврзаност – тој стигнал до рекордни 221 ден со загаден воздух во 2018-та. Во 2019-та, кога градилиштето главно мируваше, значително е намален и бројот на денови во кој е надмината горната дозволена границата за ПМ 10 честичките.

Сличен е трендот и ако се анализира просечната дневна концентрација на годишно ниво. 2012-та повторно е втора најзагадена година во истражуваниот период. Воздухот, потоа, значително се подобрил во 2015, но неговиот квалитет се влошил во следните две години. Во 2019-та повторно има позитивен тренд.

Мерната станица, која граѓаните на апликацијата „Мој воздух“ или на интернет ја гледаат како „Центар“, се наоѓа близу зградата на Нова Македонија. И за таа локација направивме пресметка – каков воздух се дишел во последните 8 години.

 

За разлика од станицата „Ректорат“, во „Центар“ квалитетот на воздухот се подобрува од година во година. Најлоша за дишење била 2012 година со 211 загадени денови над дозволеното, кога патем имало и најмногу денови кога станицата не работела. Минатата, 2019 година, за прв пат се регистрирани помалку од 100 дена со недозволено ниво на ПМ 10. 

Речиси идентичен е и трендот на просечни дневни концентрации на ПМ10 честички на годишно ниво. Во 2012-та таа изнесувала 85 микрограми, додека во 2019 паднала за речиси половина – на 46 микрограми.

Фактите можеби навистина покажуваат подобрување на квалитетот на воздухот на дел од мерните станици што ги анализиравме. Но, клучното прашање е – зошто?

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на прес-конференцијата во владата изјави дека подобрувањето на воздухот се должи на владините политики и стратегии. За ова истражување не добивме можност да поставиме повеќе прашања за таквиот заклучок ниту до него ниту до министерот Насер Нуредини.

Невладиниот сектор, пак, не отстапува од ставот дека податоците немаат врска со владините политики туку дека се погодило времето.

„Не, тука некаде е, исто. Во деновите кога немаме ветар загадувањето е исто дури некаде и се зголемува. Сега, проблемот беше што долг период некои мерни станици не работеа… Така што, овој пропуст, овие дупки во податоци многу ќе влијаат во понатамошни изработки на стратегии“, вели Невена Георгиевска од иницијативата „О2“

Георгиевска додава и дека не може да се тврди дека воздухот е почист, кога се мерат само мал број показатели.

Но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не само што немало повеќе ветровити денови последниве години што би довело до расчистување на  загадувањето туку напротив – дека ги има се помалку.

Нивното научно објаснување за позитивниот тренд во квалитетот на воздухот е намалувањето на бројот на магливи и денови со сумаглица.

„Смогот настанува кога маглата односно сумаглицата се комбинираат со индустриските честички. А за тоа најчесто е одговорна антициклонална ситуација, односно доаѓа до формирање на поле на висок воздушен притисок и спуштање на воздухот.

Овој повишен воздушен притисок, условува целото аерозагадување кое што постои, а не е врзано со постоечките извори на греење, како што се топланите или индивидуалните ложишта, да биде притиснато кон тлото“, вели Александра Стевков – Советник за автоматска обработка на метеоролошки податоци при УХМР.

Според „Светската здравствена организација“ 9 од 10 луѓе во светот дишат загаден воздух. На годишно ниво, аеро-загадувањето е причина за 7 милиони прерани смртни случаи во светски рамки, додека во земјава проценките се движат меѓу 1.500 и 2.000 случаи.

извор: 360 степени 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ