Воз со стотина патници е нападнат и запрен од вооружени милитанти во пакистанската област Белучистан. Ослободителната војска на Балузи (БЛА) потврди дека го нападнала експресниот воз Џафар кој патувал од Квета до Равалпинди, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Во соопштението на групата се вели дека ја бомбардирале пругата пред да упаднат во возот во оддалечената област Сиби. Се тврди дека возот бил под нејзина контрола.
Пакистанската полиција им соопшти на локалните новинари дека добила информација дека три лица, меѓу кои и машиновозачот, биле повредени во нападот.
Полицијата додаде дека безбедносните сили биле испратени на местото на нападот.
Портпаролот на владата на Балучистан изјави за локалниот весник Dawn дека има извештаи за „интензивно пукање“ во возот.
БЛА тврди дека држи во заложништво голем број патници, вклучително и безбедносни службеници, и предупреди на „тешки последици“ доколку се направи обид да се спасат оние што ги држат.
Сепак, официјални лица се уште не потврдија дека некој е држен како заложник.
Висок полициски функционер од областа што граничи со Сиби рече дека „возот останува заглавен непосредно пред тунелот опкружен со планини“, пренесува новинската агенција АФП.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на земјата Мохсин Наваз го осуди нападот и рече дека се моли за брзо закрепнување на повредените.
Д. Мишев