ЦИВИЛ организира јавен настан „Рендгенска снимка на Пописот“, на 9 декември ( четврток) , со почеток во 11 часот во хотелот „Сити парк“.
Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое ќе одговорат директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Габриела Кулебанова и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Настанот ќе се емитува во живо на Фејсбук и Јутуб каналите на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панелот, ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Медиумите ќе може да се вклучат преку Зум линкот кој ќе биде доставен.
Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ЦИВИЛ го спроведува со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy).