Папата Франциск го предупреди лидерот на Руската православна црква да не биде „олтар момче на Путин“ и да ја оправдува инвазијата на рускиот претседател на Украина. Во интервју за италијанскиот весник Corriere della Sera, Папата Франциск изјави дека на 16 март, 2022 имал 40 минутен разговор преку Zoom со патријархот Кирил, клучен поддржувач на Владимир Путин и неговата војна во Украина.
Според Папата, Кирил ги наведувал сите оправдувања за војната од листот хартија што го држел.
„Брату, ние не сме државни свештеници, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус. Ние сме пастири на истиот свет Божји народ. Поради ова, ние мора да бараме патишта за мир, да ставиме крај на пукањето со оружје. Патријарх не смее да биде олтар момче на Путин“, му посочил Папата на Патријархот Кирил.
„Ние сме пастири на истиот свет народ кој верува во Бог, во Света Троица, во Пресвета Богородица, затоа мора да се обединиме во напорите да го помогнеме мирот, да им помогнеме на оние што страдаат, да бараме патишта за мир и да го запреме огнот.“ продолжил Папата.
Кирил беше избран во 2009 година за патријарх на влијателната Руска православна црква, која има повеќе од 100 милиони следбеници. Православното христијанство е доминантна вера и во Русија и во Украина – но по војната, црквата придонесе за јазот меѓу Москва и Киев Минатиот месец патријархот застана пред главната катедрала за руските вооружени сили и ги повика руските војници „да ја сакаат нашата татковина… да ја заштитат, бидејќи само Русите можат да ја бранат својата земја“. Тој ги опиша погодените од конфликтот во Украина како „луѓе на Света Русија. Тие се наши браќа и сестри“. Тој, исто така, ја пофали воената служба како „активна манифестација на евангелистичка љубов кон соседите“. Односот меѓу Кирил и Путин помогна да се постават темелите на војната бидејќи и двајцата ја повторуваа реториката меѓусебно за да ги оправдаат акциите на Русија во Украина. Додека Путин го користеше јазикот на верата за да ги прикрие своите политички и воени амбиции, Кирил користеше и проповеди за да ја рационализира кампањата на духовна основа.
Д. Т.