• Latest
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

Дали, откако Апасиев отиде на „баци-рака“ кај Путин, нашата земја од „непријателска“ ќе стане „пријателска“ за Русија? Или ова е само уште еден пропаганден потег во корист на режимот во Москва и исполнување на очекувањата на руските инсталации во земјата и шефот во Москва?

May 8, 2025 15:12
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Апасиев, се „пофали“ на социјалните мрежи дека слетал во Москва, Русија, по повод прославата на 80-годишнината од Денот на победата на фашизмот.

„Не сум “светски лидер”, ама слетав во Москва“, објави Апасиев.

Откоко успешно слетал во Москва, ја објави и поканата.

„Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад“, алудирајќи на неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на САД, каде учествуваше на инаугурација на американски претседател Доналд Трамп.

На „гости“ кај Комунистичката партија на Русија

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

Левица повеќе и не крие дека Северна Македонија треба да соработува и со Русија и Кина. Ова не е прво патување на левичарите во Москва. Со овој потег покажува непочитување за цивилните жртви во Украина и дава поддршка на милитаристистичката политика на Русија против која е речиси цела Европа и демократскиот свет.

Особено шокантно беше и неговото поклонување на гробот на Енвер Хоџа.

Среде руската агресија врз Украина, членови на партијата Левица ја посетија Москва, каде што, според партиското соопштение (објавено на 22 мај 2022), имале средба со лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, како и со раководството на партијата и дел од пратениците во руската Дума.

Левица под темната сенка на Москва

Неколку помали здруженија и политички партии и десничарската Левица на Апасиев, непречено шират руска пропаганда во земјава, а нивните поддржувачи на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите, континуирано ја величаат бруталната агресија на Русија врз Украина. Нивната активност, освен да ја шират руската пропаганда и дезинформации за војната, вложуваат големи напори и да ги оправдаат или целосно да ги негираат грозоморните воени злосторства што ги вршат Русите врз цивилите во Украина.

Пратениците на Левица неколку пати „ги пеглаа односите“ со рускиот амбасадор Баздникон во Собранието на Република Северна Македонија

На 20 февруари 2025 година, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на Република Северна Македонија, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил, остварија средба со рускиот амбасадор Баздникин. На средбата, како што објавија, разговарале за повторно воспоставување нормални односи меѓу двете земји. Пратениците на Левица потенцираа дека нашата држава треба да води суверена и независна надворешна политика, ослободена од диктатите на ЕУ и НАТО.

Исто така и на 16 март 2022, неколку дена по рускиот воен напад врз Украина, екстремните левичари, шефот на Левица, Димитар Апасиев и неговиот колега, пратеникот Борислав Крмов, го примија рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија „домаќините“, тие 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија.“ Оваа средба беше со гордост објавена на партиската веб страница, а ја пренесоа и голем број медиуми.

Левица не е русофилска партија?!

Левичарите се обидоа да се оградат дека не се русофилска партија. Меѓутоа, нивните дела го покажуваат токму спротивното.

„Се создава погрешна претстава дека Левица е русофилска партија.“

 

Ваквото бегање од фактите е, во најмала рака, многу чудно.

Апасиев со тужба кон Дерала оти во колумна напишал дека е инсталација на Кремљ

Своевремено, Апасиев не се срамеше да ја поведе целата партија во судски спор против Џабир Дерала од ЦИВИЛ, за личен став (Леви десничари… Фејкери!). Текстот, за кој го тужеше Левица, меѓу другото, се однесуваше на фактот дека се инсталација на Кремљ чија цел е да ја осуети македонската иднина. Во судница ѝ се жалеше на судијката дека пишувањето на Дерала ѝ нанело штета на партијата и предизвикало раскол. Не грубата кражба на парите и чистките што ги спроведе, туку колумната на Дерала. Замислете?!

Левица се спротивстави и на собраниската декларација за осуда на руската агресија

Левица, не само што не ги даде своите пратенички гласови за Усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади во парламентот на 3 март 2022, туку и жестоко ѝ се спротивставија.

„Фактот што во Собранието имаме про-фашистички елементи изгласани од граѓани, кажува дека или граѓаните што ги гласаат не препознаваат зло, или и самите се дел од злото, а судејќи по добар дел реакции од граѓани – силни поддржувачи на тотално обратната ориентација на политичкиот субјект од тоа што се нарекува (Левица) и не само на Левица, сосема се во иста ментална матрица. Што е уште позагрижувачко“, напиша Дијана Тахири во својот коментар „Најмалку што можеа да направат вчера пратениците е да ги исвиркаат Апасиев, Крмов и Стоиљковиќ, ама немале свирчиња“!

Во тоа време, Владата се придружи на големиот број држави во Европа и во светот кои ги забранија пропагандните гласила на воинствениот режим на Путин, РТ и Раша Тудеј, но тоа не ги спречи проруските инсталации во земјата да продолжат со пропагандата.

„Се поставува прашањето – ќе се исклучи ли микрофонот на „Раша тудеј“ во македонското (општество) Собрание!?“ – прашува Дехран Муратов во својот коментар „Ќе го исклучи ли некој микрофонот на „Раша тудеј“ од собраниската говорница?“.

Поддршка за руската агресија, манипулации и повици за убивање

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на (24 февруари 2022), денот кога започна воената агресија на Русија на својот Твитер профили објави стара фотографија од 2014 година со припадници на паравоена структура на Украина, групата Азов, со коментар дека „многу борци за човекови права ќе изгинат“.

По истиот повод, пратеникот и шеф на Левица, Димитар Апасиев, свесно манипулира дека во знак на поддршка на Украина, министерот Бујар Османи го обои МНР со боите на знамето на Косово.

Своевремено „членството на „Левица“ до толку агресивно ја брани воената агресија на Русија и го „напаѓа НАТО“ на социјалните мрежи, што човек ќе помисли дека НАТО ја нападна Украина, а не Руската федерација. Досега Левица не ја осудија воената агресија на Русија, напротив.

Дали, откако Апасиев отиде на „баци-рака“ кај Путин, нашата земја од „непријателска“ ќе стане „пријателска“ за Русија? Или ова е само уште еден пропаганден потег во корист на режимот во Москва и исполнување на очекувањата на руските инсталации во земјата и шефот во Москва?

9 мај – прослава на Сталиновиот хир

Русите до ден денес го слават 9 мај како Ден на победата. Предавањето на Ремс дури еден ден порано не беше објавено во советскиот печат, доказ според некои набљудувачи дека второто предавање беше пропаганден потег оркестриран за Сталин да може да бара поголем дел од заслугата за завршување на војната.

Така, 9 мај (о)стана ден на победата на советите над нацистичка германија, кој освен Советскиот сојуз го прифатија и земјите од источниот блок, како и земјите од поранешна СФРЈ.

Денот на победата – алатка на Путиновата пропаганда

Со доаѓањето на Путин на власт во 2000 година. Денот на победата се користи како клучен елемент на неговата домашна пропаганда, зајакнување на „патриотизмот“, глорифицирање на руската војска и да ја мобилизира јавноста пред западната „закана“ за Русија.

Дехран Муратов во соработка со ЦМДТ

Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ