• Latest

Паралелни светови: Нашите вистински херои наспроти штрајкувачите и партиските палјачовци

February 22, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Паралелни светови: Нашите вистински херои наспроти штрајкувачите и партиските палјачовци

Тивко, речиси невидливо мина церемонијата во која главни беа нашите војници спасители од Кахраманмараш. Камерите и екипите беа попотребни онаму каде требаше да се симулира масовно незадоволство: преку протест заради платите што ги нема во време кога тие легнуваа на жиро-сметките на вработените!

February 22, 2023 07:43
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Понеделник, 20 февруари 2023 година. Во една од касарните во Скопје е построена екипата на спасители на Армијата на Македонија, заедно со своите кучиња-трагачи. Свечена атмосфера, тука е претседателот Пендаровски, министерката за одбрана Петровска и турскиот амбасадор кој одржа емотивен говор, заблагодарувајќи ѝ се на земјава.

Дознаваме дека според белешките на НАТО, екипата на нашата армија е петта по ред која пристигнала на местото на апокалипсата. Познати се нивните резултати од потрагата – спасен еден живот на мало дете по име Сулејман. Тие живееја и делуваа во невозможни услови (да споменеме само спиење во вреќи на отворено, при температура и од минус 17 степени)… Нема сомнение дека во сите земји кои имаа свои екипи испратени во Турција достојно ги пречекаа овие екипи, во каков и да е состав, тие заслужија и добија достоинствен пречек. Тие беа нивни јунаци на минатите десет денови.

Херои од периферијата на вестите

Дали беше така и кај нас? Ако судиме според информативните програми на телевизиите, па и не баш! Еве што стои во белешката за тој ден.

Вести на МРТ во 13 часот. Првите десет минути посветени на наводните протести (планирани од опозицијата, нели), без адекватен соговорник, се оние што го исполнуваат екранот. Оние вести од Градска болница „8 септември“ имаа за заднина повеќе пациенти, чинам, кои се чудеа што ги „сликаат“ луѓево. Повеќе информации во попладневните вести, вели репортерката?! Ете, не испадна како што било планирано. Имаше три – четворица пред камерите само кај протестот на некои луѓе од т.н. Независен синдикат на управата на кои платата „три дена им касне“ и кои секогаш се вклопуваат во партискиот хор на ВМРО-ДПМНЕ. Посебно со присуството на синдикалниот „квиско“, Марјан Ристески, кој од претставник на еден од четирите синдикати на МЖ (малцински, инаку, да се разбереме), стана користен секаде каде партијата треба да анимира штрајкувачка атмосфера.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА 4-ГОДИШНО ДЕТЕ Немаше многу спасени животи по земјотресот, на сепак еден од нив беше малиот Сулејман

Е, во 13 и 11 минути на МТВ се појави веста со која требаше вестите да се почнат – пречекот на нашите херои од битката за преживеаните во Турција. Од аспект на уредништвото на националниот радиодифузер би рекле „кај најдоа да се постројат денес“. Веста беше во минималистички стил – неколку секунди за турскиот амбасадор кој ги поздрави, неколку секунди за министерката за одбрана и исто толку за претседателот на државата.

Во вестите од 15 часот на МТВ веста за нашите војници беше емитувана во 15.15 часот, како премин од внатрешно политичките вести кон оние надворешните! Па да, се разбира, војниците нѐ поврзуваат со светот, па нека одат таму, во тој сегмент…

ПОЗДРАВ Слика од настанот што влезе во ТВ програмите, како да се ставаат капки за очи

Се чека од штабот да стигне распоредот на вестите

Слично беше и на другите програми на националните радиодифузери. Зошто? Да потсетиме дека новинарот Васко Ефтов, сега сопственик на интернет политичкиот магазин „Во центар“, еднаш јасно кажа дека како директор на Телевизијата Алфа го повикал главниот уредник да му објасни зошто постојано доцнат вестите во 14 часот. Добил одговор дека доцни распоредот на вести што го дава штабот на ВМРО-ДПМНЕ! Е тука сме – го гледаме во таа опишана сцена она што инаку е јасно забележливо.

Нема разлика во тоа кои вести каде одат и што ќе содржат на клучните ТВ програми во земјава. Што би сакала некоја партија како ВМРО ДПМНЕ повеќе во нејзината политичка борба, кога секогаш има комплетна контрола врз информативната сфера. Барем 25 години, со мали осцилации во време на меѓуетничкиот конфликт во земјава во 2001 година, кога беше допрен нервот на македонската чувствителност што како меч се зари во телото на партијата на Љубчо Георгиевски и остана таму сѐ до „оној 15 септември“ кога СДСМ се врати на власт!

И обратно – што очекува СДСМ кога е во постојана дефанзивна, со хронично изгубена позиција на најважниот фронт во борбата за своја програмска и практична манифестација на водење на држава во јавноста?

АНИМАТОР Во Заводот за вработување треба да отворат графа за нова професија – аниматор на протести и штрајкови (М. Ристески)

Аналитичкиот штаб го креира денот

И да се вратиме на построениот вод од 24 лица и две службени кучиња. Каков бил замислениот однос што треба пресот да го има кон нив во Шампитата? Која проценка е направена за таа најавена вест во опозициониот аналитички штаб?

Прво, таа манифестација во една скопска касарна е една јасна, светла слика за Македонија. Таа во оваа акција е пример за солидарност, пожртвување, но и соочување со природни катастрофи од најлош вид. Тоа го признава и претставникот на земјата кон која беше упатена нашата помош. Што во нивните очи е тука лошо? Па сѐ што не е обоено во црно е лошо – од вестите не треба да се гледаат другите бои на виножитото, бидејќи е спротивно на директивата „paint it black“. Се фали една битна институција на државата, таа е дел од – во опозицијата официјално премолчуван – НАТО, од каде што доаѓа додатна позитивна оценка за нашето воено учество во операцијата на спасување! Потоа, треба да се цитира говорот на претседателот на државата, па на министерката, а благодарноста на амбасадорот да се даде како капки прокулин во очите – и сѐ тоа да оди на периферијата на вестите.

Со должното внимание кон настанот во скопската касарна би се пореметил дневниот распоред на вести што мораше да биде исполнет со незадоволство кое би водело кон „превривање“ на расположението на народот! Планот беше иницијалната каписла да ја дадат луѓето во бел мантил (термин кој, како „дозволен“, се користеше во понеделникот како сеопфатен, а не парцијален, според професиите), кои масовно би искажале незадоволство. Акцент ќе биде ставен на скопските медицински институции, затоа што не се далеку од ТВ студијата, но од големиот број на лекари и друг персонал би се собрале доволен број штрајкувачи колку да се исполни кадарот! Еден лекар, два техничари, три сестри и – доста е! Колку за помош, ќе дојде споменатиот „квиско“ ама и други слични ликови, меѓу кои и извесна д-р Јулијана Јанкуловска која, по проверката, работи во сопствена здравствена ординација „Доктор Кралева“, што не беше баш репрезентативен примерок. Освен што издиктира кус текст, таа не сакаше да говори пред камерите, а по настапот побегна во непознат правец!

ПРОМЕНА Од протест за плати остана само – протест!

Платите стигнуваат, не кажувајте, ќе смислиме нешто

При тоа, неповолниот тек на настаните донесе прво одложување на главниот пропаганден удар од пладнето кон раното попладне, кога веќе платите на „белите мантили“ започнаа да стигнуваат на сметките!

Клучниот пропаганден ефект на Шампитата почна да тоне, пред да дејствува штрајкувачкиот адреналин, бидејќи деблокирањето на податоците на ФЗО (или, што е поверојатно, исплатата преку Министерството за финансии – „од касата“), почна де дејствува уште претпладнето во понеделникот. За тоа, здравствените власти најавија навреме, пред викендот, но „блицкригот“ на ВМРО-ДПМНЕ веќе почна да дејствува и оттаму проценија дека се работи само за блеф на државните административци. Притоа, имаме парадокс – никој од новинарите не се потруди да дознае како се деблокирале средствата, како многу битно прашање, што е само показател на јасните задачи во оваа ситуација – протест има да има!

Ако се каже вистината за исплатите кои се во тек, се гаси волјата за протест, природно, па тоа сознание можевте да го добиете ако прашате некој лекар, на пример. Додека во здравствените установи имало спротивставени ставови по ова прашање на екранот не дојде ниту еден од оние кои не мислеа како „во сценариото“. Ова траеше до попладнето, кога поголем дел од вработените се вратија дома и отидоа во пазарење, со добиените средства, кога во Шампитата преминаа на планот Б – иако плати има, истовремено ќе има и штрајкови. Посебно беше интересен еден наводен синдикалец, кој се претстави дека е од Геријатрија (која?), кој најави дека во четврток ќе го блокираат Скопје „како никогаш досега“ со нервоза и гестикулација која повеќе наликуваше како да се работи за пациент на некоја клиника која можеме да ја замислиме!

Протест – зошто сега? Како ќе штрајкува персоналот на Геријатрија кога таму се целосно немоќни пациенти? Дали ќе ги заменат роднините и пријателите на старците крај нивните кревети? Како што се работи и кај други нарачани изјави и тука не чувме елементарни прашања, нели…

Во вторникот го имавме пред камерите првиот човек на гранскиот синдикат при ССМ (сега во функција на „алтернативец“) кој говореше во стилот – „власта, сепак, ќе му ја види“, но очевидно е дека од вторникот наваму се исплаќаа и боледувањата што го симнува тонусот веројатно и кај оние две-три „тазе породени“ новинарки кои не се симнуваа од екранот како незадоволни пациенти, за кои говореше портпаролката на ФЗО, Менче Точи.

Се јавија, колку да се пополни просторот, кој остана празен, група дијабетичари од Тетово кои тврдеа дека нема инсулин. Па ги повторуваа болестите кои можат да се влошат кај нив и за тоа немаше ограничено ТВ време! Ете, нели, и пациентите се тука, но се покажа дека ги има само 4.000 кои имаат алтернативни „пенкала“ кои слободно можат да ги користат. И тие тоа го знаат – тврдат здравствените власти. Постојат 21 тип на инсулин со кои се покриваат голем број на дијабетичари! Ако побарате на стари вести на Интернет ќе видите дека незадоволни се едни те исти пациенти (сите од Тетово) без оглед на годината во која се појавила веста! Дури и ода одите наназад, да речеме во 2017 година! Ова јасно покажува дека се работи за дежурни актери од екипата наречена „државата нѐ убива“.

Да се вратиме на почетокот на текстот – во касарната каде беа построени нашите херои владее тишина. Камерите биле таму кусо време, па заминале со новинарите, да ги следат штрајковите во здравството. Играните претстави се поинтересни. А се и на онаа линија на која стамено стојат сопствениците на вестите кај нас. Сите други актери од понеделничкиот карневал, веројатно во мигот, чекаат исплата на шалтерот на некој театар.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Медиумипропагандахероиштрајкувачи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ