На ИМ 1248, Демир капија, Основно училиште с. Барово, оневозможување на остварување на право на глас на инвалидизирани лица од страна на членовите на ИО, кои третиот гласачки параван, наменет за гласање на лица со физичка попреченост, го поставиле на прозорецот како заштита од сонцето.
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.












