“Парче од себе” е насловот на едукативниот проект, работилница со деца со посебни потреби што денеска во галеријата на култирниот комплекс “Мала станица” во Скопје ја имаше завршната промоција со изложба на “мозаици од камен” на децата автори ученици во специјализираното училиште “Партение Зогравски”.
“Во овој проект секое од децата не го даде само своето парче камен во создавање на големата слика, туку тие дадоа многу повеќе од тоа, дадоа парче од себе”, изјави за Цивил медиа координаторката на проектот Маја Димитрова.
Мозаиците од камен се со мотиви на животни и ќе бидат подарени на скопската зоолошка градина.
Цивил