Започна третата панел-дискусија на Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ во Битола, во хотелот „Милениум“. Екипата на ЦИВИЛ Медиа е на местото на настанот и врши директен пренос од настанот на својот Фејсбук профил.
Целта на овие панел-дискусии, како што се истакна на почетокот, е да се дискутира за демократизација и реформи во ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се врати угледот на оваа партија. Иван Јолевски, инаку директор на ПУИГ – Битола, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се претвори во султан-партија без внатрешна демократија. Тоа е, според него, спротивно на целите на партијата од самиот почеток на формирањето, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ се борела за демократско општество и надминување на претходниот систем на едноумие.
И на оваа панел-дискусија, Реформаторите се извинија за говорот на омразата и нападите против меѓународната заедница и нејзините дипломатски претставници во земјава.
Битола треба сама да одлучува за себе, а не Груевски – гласи ставот на Реформаторите. Груевски мора да поднесе оставка.