• Latest

Партиите со различни позиции во пресрет на преговорите за коалицирање

January 2, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Партиите со различни позиции во пресрет на преговорите за коалицирање

January 2, 2018 11:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) разменија остри реплики за миграцијата и даночните намалувања, а во исто време локалните медиуми коментираат дека се поголеми се сомнежите дека може да се постигне договор за нова „голема коалиција“.

Партиските лидери утре ќе се сретнат на прелиминарни разговори пред првичните преговори кои треба да се одржат од 7 до 12 јануари.

Во меѓувреме, расте бројот на политичарите кои тврдат дека Меркел ќе управува со малцинска влада или ќе оди на нови избори.

Заменик-претседателот на СПД Торстен Шефер-Гимбел истакна дека последните изјави од таборот на конзервативците се „контрапродуктивни за составувањето на каква и да било влада“ и оти тие предизвикале сомнеж за тоа колку конзервативците имаат волја за заедничко владеење.

Според него, постигнувањето договор за нова коалиција е „далеку, не е сигурно и не е јасно дали во преговорите ќе може да биде создадена доволно доверба“.

– Малцинска влада останува опција, дури и ако канцеларката Ангела Меркел не сака да го признае тоа, рече тој во интервју за весникот „Пасауер Ноје Пресе“.

Шефер-Гимбел ги истакна разликите со конзервативците за серија прашања и ги окарактеризира како „смешни“ предлозите на некои кругови во конзрвативните редови за намалување на даноците за лица со високи примања.

Меѓу конзервативците и социјалдемократите има големи разлики и во прашањата за здравство, миграција, Европа, работни односи и пензии.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаГерманијаКоалицијаПреговори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result