• Latest

Партиите во Гевгелија обединети против рудникот за злато!

March 17, 2017

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите во Гевгелија обединети против рудникот за злато!

March 17, 2017 15:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апсурдноста на „уништување на 3.900 хектари шума за да се добијат само два грама на злато и бакар“, ги обедини советниците од Општина Гевгелија, кои едногласно одлучија дека отворањето  рудник за злато и бакар во Гевгелија е прашање за кое треба да се распише референдум.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ангел Наков од граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“, од каде ги посочуваат негативните последици од рудник од отворен тип, во близина на градот.

„Се работи за доделување на две концесии за детални геолошки истражувања на површини од 3.000 хектари и од 900 хектари. Ние, како иницијатива, видовме дека се работи за исклучително  опасна операција, отворање рудници од отворен тип. Имајќи ја предвид законската регулатива, на носителот на концесија за геолошки испитувања му се дава ексклузивно право само врз основ на барање да добие концесија за експлоатација. Познавајќи ги процедурите за друг тип на концесии кои што се со помали последици и опасност, како што се концесии за пасишта и земјоделско земјиште, оваа информација нè запрепасти, дека и за оваа концесија е доволно да се поднесе само барање. Сериозно се загриживме. имајќи предвид дека секаде во светот, без исклучок, не успеавме да најдеме информации за ниту еден отворен рудник за злато и бакар којшто не ја уништил човековата околина во радиус од најмалку 50 км, а кој овозможил прогрес за регионот, и ниту еден. каде локалното население успеало да се вработи, оти се работи за работни места со огромен ризик“, изјави Наков за ЦИВИЛ Медиа.

Според иницијативата „Спас за Гевгелија“, податоците до кои дошле, несомнено покажуваат дека штетите од отворање рудник се многу поголеми од евентуалната корист.

„Штетата е катастрофална, неспоредливо поголема од користа, не може да се стави на вага… Овој тип на рудници подразбира уништување на природата! Кожув е една од најбогатите планини со букова шума и некој сега решава дека треба да се уништат 3.900 хектари и да се наруши целиот биодиверзитет. Само ова е немерлива штета, а понатаму, за овој тип на рудници, уништувањето се прави со експлозив што е многу едноставна постапка и затоа им се исплаќа, и покрај ниските концентрации од злато кои според официјални податоци се два грама во еден тон. Понатаму, во следна фаза, земјата се третира со цијанид кој има својство од рудата да го извади златото и бакарот. Во процесот се испушта 10 до 15 тони висококанцерогена прашина која содржи арсен, талиум, сулфурни оксиди.  Тоа значи, од првиот ден ќе дишеме таков воздух, што воздухот во Скопје ќе биде перфектна еколошка оаза. Прашината, покрај негативните ефекти врз луѓето, ќе го контаминира и високо квалитетното земјоделско земјиште во Гевгелискиот Регион“, ни изјави Наков.

Едногласната одлука на сите советници, без разлика на политичката припадност, е историски момент за Гевгелија, но може да послужи како пример и за останатите градови, смета Наков.

„Политичката припадност не беше пречка за советниците да увидат дека се работи за многу важно прашање за кое мора да се искористи најдемократското право на референдум и да се прашаат граѓаните“, оценуваат од граѓанската иницијатива, која во наредниот период ќе спроведе интензивна кампања за информирање на граѓан(к)ите за тоа што би значело отворањето  рудник за градот.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со координаторот на советничката група на СДСМ во Гевгелија и пратеник во новиот парламент, Сашо Поцков.

„Референдумот е по иницијатива на Советот на Општина Гевгелија. За ова прашање сите советници беа едногласни. Ние не очекуваме опструкции и притисоци за спорведување  референдум, без разлика на различните ставови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и проблемите на централно ниво, зашто, за ова прашање на локално ниво, сите сме на иста страна, и ќе водиме заедничка кампања за информирање на граѓаните“, вели Поцков, поздравувајќи ја заедничката одлука за распишување референдум.

„Во 2013 година е дадена  дозвола за концесија за истражување, и ова зборува за контроверзиите во партијата што беше на власт. Владата, односно вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на 5 март оваа година беше во Канада, од каде што е фирмата која би отворала рудник во Гевгелија, и таму ја промовираше Македонија, како неоткриен извор за рудници. Контроверзијата е тука, централна власт – Влада на ВМРО–ДПМНЕ  – локална власт. На локално се против рудникот, а на централно ниво, и концесија дозволија и Пешевски пред 12 дена продолжи со промовирање на идејата“, посочи Поцков.

„Македонија е земја богата со минерални ресурси. Во моментов, во фаза на отворање се девет нови рудници за метални руди, се вршат геолошки истражувања на дополнителни девет локации, а четири потенцијални локации се во фаза на подготовка за геолошки истражувања. Геолошките истражувања покажуваат дека во почвата има присуство на повеќе видови метални руди: олово, цинк, бакар, злато, сребро, никел, манган, антимон и железо“, истакна вицепремиерот Пешевски пред потенцијалните инвеститори во Канада.

Референдумското прашање гласи: „Дали во Општина Гевгелија треба да се дозволи отворање  рудници?“ Како што е предвидено со Законот за локална самоуправа, референдумот треба да се одржи најдоцна на 30 април.

Марија Теговска

Tags: Ангел НаковГевгелијаЗа спас на ГевгелијазлатоКожувреферендумрудникСашо Поцковцијанид
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ