• Latest

Партиите не се државата, а државата не е работодавач

September 17, 2020
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Партиите не се државата, а државата не е работодавач

September 17, 2020 20:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Груби: Ќе субвенционираме приватни компании кои ќе вработуваат Албанци или граѓани од други помали етнички заедници

Што е проблематично во оваа изјава?

  1. Артан Груби ја злоупотребува функцијата член на Владата на РС Македонија за ширење лажни вести и дезинформирање на јавноста. Владата нема заземено став, ниту пак има донесено одлука која се однесува на ваков вид субвенционирање. Тоа значи дека изјавата дадена во својство на член на Владата пред зградата на Владата, има за цел лажење на јавноста и создавање погрешен впечаток за функционирање на власта, негирање на институциите и нивно дезавуирање.
  2. Артан Груби промовира донесување владини решенија кои по својата суштина се дискриминирачки врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Европската конвенција за основните права и слободи на човекот и граѓанинот и Уставот на РС Македонија. Издвојувањето на етничката припадност како единствен услов за добивање субвенции за вработување во приватниот сектор не може да се смета за афирмативна акција во услови кога нема никакви објективни показатели за вработеноста на припадниците на различни етнички заедници во приватниот сектор, без постоење на показатели за оправданоста на една ваква мерка.
  3. Изјавата на Артан Груби е спротивна на членот 55 од Уставот на РС Македонија според кој: се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Со ваква мерка сите претпријатија кои не можат од објективни причини (нема кадри со соодветно искуство, образование) да вработат кадри од помала етничка заедница се ставени во понеповолна положба или се присилени да вработуваат несоодветен (неквалификуван кадар).
  4. Со изјавата Артан Груби поттикнува нетрпеливост и раздор, врз основа на етничка припадност. Во услови на големи рестрикции во приватниот сектор настанати заради Ковид-19, отпуштања од работа, затворање помали претпријатија и намален приход, една ваква дискриминирачка мерка сигурно ќе биде извор на конфликти врз етничка основа.
  5. Со една ваква мерка всушност ќе се легализира клиентелизмот во РС Македонија и ќе се озакони партизацијата на државата. На овој начин било кој вид на вработување (не само во јавниот туку и во приватниот сектор) е во рацете на партиите кои се на власт, кои на ваков начин може да ги уценуваат и работодавачите и работниците, и, со средствата собрани од граѓаните да ги плаќаат идните гласачи и поддржувачи, односно да го обезбедуваат вештачкиот социјален мир.
  6. Со ваква мерка се брише било која шанса за развој на државата како граѓанска, граѓаните се присилуваат да се идентификуваат по етничка линија, се инсистира на постоење на колективитетите како гаранција за егзистенцијата и се оневозможува индивидуалното остварување и практикување на правата и слободите.

Според мене, оваа изјава не треба да биде само осудена од страна на актуелната власт, туку да биде и предмет на расправа на посебна анкетна комисија (член 76 од Уставот на РС Македонија: “Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес. Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници“), која ќе се формира со цел истрага на случајот и утврдување одговорност на Артан Груби.

Пратеници, топката е во ваши раце.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share49Tweet31Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ