• Latest

Партиите согласни за одложување на изборите, лидерска средба во 12 часот

March 17, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Партиите согласни за одложување на изборите, лидерска средба во 12 часот

March 17, 2020 08:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè поизвесно е одложувањето на датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани за 12 април. Вчера претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот твитер профил најави дека денеска ќе се одржи лидерска средба на која ќе се разговара за можноста за одложување на изборите.

Кабинетот на претседателот ја потврди информацијата соопштувајќи дека средбата е закажана за денеска во 12 часот, а најавено е присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

СДСМ, ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа пред јавноста и соопштија дека се подготвени за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април годинава. Можноста за одложување на парламентарните избори е единствена точка на дневниот ред на лидерската средба што за денеска ја свика шефот на државата Стево Пендаровски.

Покрај одлуката на Советот за безбедност на Република Северна Македонија дека се уште е рано да се зборува за прогласување на вонредна состојба во земјата, претседателот Пендаровски вели дека нема правни пречки за одложување на изборите.

„Не гледам проблем да се одложат изборите, впрочем мислам дека јавноста е веќе информирана во 12 часот ќе има лидерска средба со една единствена точка на дневниот ред во контекст на ова што ни се случува и нам и на сите во регионот и на сите во светот практично, да се одложат изборите. Денеска со официјален допис мониторинг мисијата на ОБСЕ, ОДИХР ја откажа таа своја мисија и за два до три дена и физички се повлекува од државата, истакна синоќа претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека се за строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширење на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април.

„Ние како најголема владејачка партија го препорачуваме тоа, но кога носите вакви одлуки мора да одмерите што ако дај боже предвреме порано заврши кризната состојба, па какви би биле последиците од пролонгирањето на изборите врз економијата. Мора да ги измерите, да ги извагате сите работи“, рече Заев.

Тој смета дека е добро што и опозицијата се согласува изборите да се одложат.

„Тоа е добро, еве не приближува до ставовите и верувам дека заеднички ќе изградиме став прво за одлука за  одложување на изборите, а  после тоа и заедно да го дефинираме денот на одржување на изборите“, рече Заев.

Тој истакна дека постојат повеќе аргументи за тоа кога би требало да бидат одржани изборите, но додаде оти најважаен и одлучувачки фактор е јавното здравје во државата. Верува дека постојат начини како да се искоординираат сите и заедно да бидат донесени одлуките околу  одложувањето и околу одредувањето на новиот датум за одржување вонредни парламентарни избори.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека одржување избори ќе значи директно изложување на илјадници граѓани на ризик по нивното здравје и ширење на корона вирусот.

„Јас без трошка колебање го избирам интересот на државата и граѓаните. Потребно е одговорно однесување. Борба за власт по цена на живот е неприфатлива“, рече вчера на прес-конференција Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата.

„Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот“, посочува Ахмети.

Според него, сега треба да се победи вирусот, а со изборите и кампањата треба да се занимаваат откако ќе се победи оваа закана.

Здравјето на граѓаните е поважно од секоја политичка калкулација, соопшти Движењето Беса, наведувајќи дека тие како политички субјект се придружуваат на повикот за одложување на изборите за некој друг посоодветен период.

Во соопштението на Движењето Беса се нагласува дека парламентарните избори треба треба да се одржат тогаш кога целосно ќе биде елиминирана опасноста од вирусот Ковид-19.

Алтернатива смета дека предвидените избори за 12 април 2020 треба да се одложат за еден друг термин, кој ќе биде одреден од сите политички партии во земјата. Најавуваат дека и на лидерската средба ќе останат на ставот дека изборите треба да се одложат и да се одржат во нормални услови.

Либерално-демократската партија, пак, ги повикува политичките партии на лидерската средба да ги одложат парламентарните избори и да закажат нов термин за октомври. ЛДП ги повикува сите партии да се водат пред се од интересот на здравјето на македонските граѓани.

М. И.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ