• Latest

Партиски реакции по објавените резултати од Пописот 2021

March 30, 2022

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Партиски реакции по објавените резултати од Пописот 2021

March 30, 2022 19:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По објавените резултати од Пописот 2021, денеска власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени ставови и толкувања на резултатите. Додека од власта пописот го сметаат за успешен, спроведен според сите европски стандарди, од опозицијата го сметаат за некомплетен. Кон критиките на резултатите се приклучи и Демократски сојуз на Павле Трајанов, кој е дел од владејачкото мнозинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пописот, чии резултати беа презентирани денеска, е некомплетен поради изнесениот податок дека 7,2 отсто од граѓаните не биле попишани, а податоците биле преземени од бази, без притоа да се дефинира нивната етничка припадност. Пописот, сметаат од партјата е и поразителен, поради алармантните бројки за иселување од државата.

Според  Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пописните бројки се показател за неуспех бидејќи, како што нагласи, има силен бран на иселувања, операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика. Затоа, нагласи Милошовски, сметаме дека ваквите бројките секој има право во нив да се сомнева.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно” на Алфа телевизија се осврна на резултатите од Пописот кои денеска беа презентирани на македонската јавност. Мицкоски овој попис го нарече некомплетен и потенцира дека веднаш после промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција.

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче денеска на прес конференција посочи дека партијата е во процес на разгледување на објавените резултати од пописот и наскоро ке излезе со детална анализа на истите.

„Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција“, вели Снопче.

Тој додава дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

За Демократскиот сојуз ресултатите од пописот не се одраз на реалноста. Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.

Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста.

Има многу фактори кои влијаеа да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл.

Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Од СДСМ го оценија  пописот на населението, домаќинствата и становите којшто после 20 години конечно се одржа во нашата држава како голем успех за граѓаните на државата, голем успех за државата воопшто.

Од владејачката партија потенцираат дека од самиот почеток се конзистентни дека пописот е неопходен и пописот конечно мора да се случи дека се навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години, за прв пат комбиниран попис којшто се спроведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен кога 99 % ќе бидат попишани тоа е резултат со којшто не можат да се пофалат ни многу развиени европски држави.

После 20 години умаме успешен попис, спроведен по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори, реагираат од СДСМ после изјавите на Крмов од Левица.

„Не успеаја повиците на Левица за бојкот на пописот, ниту пак обидите да биде попречен и да не се одржи. Тоа е пораз за сите деструктивтни сили кои работата против државните интереси како што е Левица.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка до сите инволвирани страни во пописот за кој, како што напиша на својот Фејсбук профил, не бил нималку лесен процес но завршил успешно.

Д.Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ