На фотографиите испратени до ЦИВИЛ Медиа од граѓански новинар, снимени на автопатот Скопје-Куманово, што требаше да биде пуштен во употреба во јуни минатата година, се гледа дека засега се комплетно завршени новите наплатни пунктови.
Граѓанскиот новинар го поставува прашањето: дали приоритет се парите кои ќе се наплаќаат на новата патарина, или пак, конечното пуштање на автопатот, каде особено во летниот период, се создаваат километарски колони од возила? Или, автопататот не може да се догради без парите што се слеваат од наплатните пунктови на патарините?
Повеќе од една година на оваа релација се вози на една лента. Според Агенцијата за државни патишта, доцнењето е поради добивањето на дозволите за градба.