• Latest

Пекевски: Медиумската писменост и правилната информираност се исклучително важни за функционирање на демократијата

October 16, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Пекевски: Медиумската писменост и правилната информираност се исклучително важни за функционирање на демократијата

October 16, 2020 10:04
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за момнеталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Пекевски: Моја лична оценка е дека Владата треба да го забрза процесот и сите процедури за отварање  на патот кон ЕУ, а за сметка на тоа опозицијата треба да биде поконструктивна и со свои конкретни предлози и идеи да помогне во ЕУ интеграцијата и мора да се направи стратегија за борба со лажните вести и хистеријата на социјалните мрежи. Медиумската писменост и правилната информираност се исклучително важни за функционирање на демократските институции, кои потоа генерираат напредок на општеството во целина.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Пекевски: Моите прогнози се дека граѓаните и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат политиките на СДСМ, кои водат кон ЕУ интеграциите и заеднички просперитет. Успесите на државно и локално ниво, непосредноста, транспарентноста и посветеноста кон реализирање на проекти кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, се вистинската формула за успех и на локалните избори и граѓаните тоа го препознаваат. Ги почитуваме историските симболи и градиме нови симболи како отчетност, одговорност и почит кон дадената доверба на граѓаните. Даваме ветувања кои ги остваруваме и со тоа градиме симбол на доверба нешто што во теоријата на политиката за жал досега останало само на ниво на теорија. Верувам дека тоа со нашето владеење генерално се менува на позитивно. Со оглед на големиот број на реализирани проекти и проекти во тек, сметам дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста и работата  и ќе продолжат да ги поддржуваат политиките на СДСМ.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа вовашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Пекевски: Општина Берово спроведува проекти од прекугранична соработка и може да се каже дека сме една од ретките општини кои успешно се справува со имплементација на европски проекти и има добиено проекти на сите повици. Исто така учествуваме и во проекти од Европа за граѓаните, училиштата се вклучени во Еразмус програмите. Притоа постојано работиме на подобрување и зголемување на капацитетите на сите кои се вклучени во имплементацијата. Во исто време постојано сме активни на полето на унапредување и заштита на животната средина, за што наш голем успех е што оваа година сме прогласени за најеко општина според  бројот и квалитет на еко проектите во текот на изминатата година, буџетот за екологија по жител и зеленило, како и соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Пекевски: Европските вредности се почитуваат, но не секогаш во мерка во која би требало да е на потребното ниво. Додека дел од граѓаните се максимално посветени, да внимаваат на својата околина, бараат институционални решенија за сите свои проблеми и ситуации, еден значителен дел од граѓаните нема развиено ни свест за заштита на својата околина, нема доверба во институциите и слично. Европските вредности се нешто на кое секојдневно треба да се работи. Треба да се работи на подобрување и унапредување на начинот на живот и исто така во голем број области треба да се работи на промена на свеста кај луѓето. Европските вредности се начин на живеење, почитување правила и треба време за да се каже дека целосно или барем поголем број од грѓаните ги почитуваат. Европските вредности исто така се почитуваат со одбележување на значајни датуми, за кои свеста е на се повисоко ниво.

обработка на текст: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ