Фотографии: Александрос Стаматиу
Пеливанството е вид на традиционално борење карактеристично за Балканските простори. Појавата на Пеливаните кај нас се врзува од времето на владеењето на Отоманската Империја, самиот збор е од Персиско потекло pelevan, кој што значи јунак. Во овој период, Пеливаните, настапувале во дворовите на агите и беговите поради забава и претежно биле Турци, но подоцна, заедно со исламот, се проширило како боречка вештина и помеѓу населението во нашето поднебје.
[envira-gallery slug=”pelivani-skok-od-minatoto-vo-segashnosta”]
Првите Пеливани кон крајот на XVI век и почетокот на XVII век кои го добиле знаењето на оваа боречка вештина биле надничари, понатаму се развива како пренесување на знаење само на одредени членови од фамилијарната заедница. Со текот на времето зборот Пеливан се развива и претставува човек со извонредни физички способности, и со самиот чин на натпреварот станува обележување на традиционални настани како разни прослави, свадби или во случај на обрежување (сунет).
Долговековното практикување на овој настан и пренесување на знаењето, добива димензија на ритуал со специфични правила. Обично се натпреваруваат неколку парови на борци Пеливани, пропратени со зурли и тапани. Пеливаните настапуват голи до појас со посебни кожни панталони кои се викаат киспет. Борбите се одвиваат на отворен терен, самиот почеток е обележан со ритуални движења како танц, за потоа да почне боречката акција во која се дозволени движења кои многу наликуваат на современиот слободен стил на борење, како спортска дисциплина.
Времетраењето на настанот е неограничено, понекогаш се продолжува и следниот ден, со голема почит накај судиите без никаков приговор за нивните одлуки. Борбата трае додека еден борач не победи или судијата не го прогласи крајот на борбата, забранета е грубост и сериозни повреди на телото, финалнистот на натпреварот е одликуван со посебна почит од сите присутни како најсилен Пеликан, а ако натпреварот е организиран на интернационално ниво добива титула на Балканско ниво.
Натпреварите на Пеливанското борење сеуште до ден денес се одржуваат во Косово, Црна Гора, Македонија, Грција во Траќа, Бугарија, Албанија и во Турција. Така да освен за традиционални обреди, постои организација на Пеливаните помеѓу сите овие држави, и се одржуваат натпревари кои наликуваат како мали Олипијади и спортски натпревари, кои имаат и свои правила и во исто време ги поврзуваат соседните држави, како интересен контраст со моменталните а и минати политички ситуации.
Во Македонија традиционално се организира ваков интернационален настан секоја година во село Зелениково. Нашата екипа беше присутна да го забележи овој спектакуларен настан, на кој што учествуваа Пеливани од Грција, Косово и Турција со преубава атмосвера со посетители од целиот регион. Победникот Пеливан, на крај самиот ја раскажа фамилијарната вековна традиција како ова вештина се пренесува од колено на колено, и сам ја добил од својот татко, и моментално знаењето го пренесува на својот син, најзначајно е како правило за еден Пеливан, да биде јак и моќен ама никогаш да не повредува и секогаш да заштитува.
Фоторепортерот од Грција, Александрос Стаматиу, инаку соработник на ЦИВИЛ Медиа, ја организираше оваа посета на овој балкански спектакл во с. Зелениково, скопско и, преку својот фото објектив, ја долови магијата на овој скок од минатото во сегашноста.
Натали Николовска
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.