• Latest
ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

Пендаровски за гаснењето на пожарите: Хеликоптерите на Армијата немаат технички услови за ноќно летање

August 2, 2021

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски за гаснењето на пожарите: Хеликоптерите на Армијата немаат технички услови за ноќно летање

August 2, 2021 22:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

Стево Пендаровски

Share on FacebookShare on Twitter

Предмалку, на официјалната Фејсбук страница се огласи и претседателот Пендаровски, кој објасни дека хеликоптерите на армијата не се со техничка подготовка што би овозможила ноќно летање. Реакцијата на претседателот доаѓа по бројни прашања зошто леталата на Армијата не го гасат пожарот кај Кочани вечерва, упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и во јавноста и на социјалните мрежи, по што тргна и цела лавина со постови полни со исмевања, навреди и дезинформации на сметка на властите.

„Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови“, пишува претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Пожарот кој избувна денеска во близина на Кочани се приближил до градот и зафатил дел од куќите. По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на државата, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари како и вработените на ДЗС и ПОЗС. Пожарите се причина што премиерот Заев и неколку министри, по координација со претседателот Пендаровски, го напуштиле предвремено чествувањето на Илинден во Крушево и се упатиле кон Кочани.

Како што е објавено на Фејсбук страницата на ДЗС, директорот на Дирекцијата Беким Максути издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и Скопскиот тим Карпош. Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ