Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ вчера на митиг во Кавадарци му порача на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ да набави џи-пи-ес за кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.
– Кандидатката на Мицкоски за претседател, не си ја знае земјата. Да не ве враќам на сцени од пред пет години, изјави Пендаровски, алудирајќи на настанот од претходните избори, кога таа го згреши името на градот, обраќајќи се пред присутни граѓани на Тиквешијата, во рамки на тогашната изборна кампања“, порача вчера на митинг во Кавадарци претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ.
Пендаровски одговараше на прашања од присутните на митингот и ги искоментира обвинувањата од Мицкоски, дека не си ја знаел земјата.
Тој се осврна на постигнатите резултати во изминатиот период и приоритетите за во иднина.
Н. А.