• Latest

Пендаровски: Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана за препознавање на ризиците од перењето пари и финансирањето тероризам

June 10, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана за препознавање на ризиците од перењето пари и финансирањето тероризам

June 10, 2021 13:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео порака се обрати на регионалниот форум: „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“, којшто во организација на Управата за финансиско разузнавање при Министерството за финансии на Република Северна Македонија, Европски центар за непрофитно право и здружението Конект, се одржува по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во Република Северна Македонија.

Пендаровски оцени дека извештајот е многу важен за нас, како сет на добри практики препознаени на меѓународно ниво коишто претставуваат одлична шанса за размена на искуства и знаење. Притоа претседателот Пендаровски изрази очекување дека следната година Манивал ќе спроведе ригорозна проценка на целокупниот државен систем и неговата подготвеност да ги препознава ризиците за перењето пари.

„Овој Извештај за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации во нашата земја влева надеж дека со имплементација на препораките ќе го направиме системот посилен и поподготвен да се справува со заканата од тероризам и нелегалните извори за негово финансирање“, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека на тој начин ќе ја зајакнеме довербата на граѓаните и на нашите европски партнери во капацитетот и интегритетот на надлежните домашни институции како клучни носители на концептот на добро владеење.

Во своето обраќање Пендаровски ја нагласи потребата од механизми за рано препознавање на финансирањето на тероризмот од страна на организациите што се кријат зад формалните имиња од невладиниот сектор. 

„Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана во врска со дејствувањето на непрофитните организации, кои пак, треба и самите да ги зајакнат сопствените капацитети за препознавање на ризиците кои произлегуваат од перењето пари и финансирањето тероризам“, додаде  Пендаровски.

Според Пендаровски борбата против тероризмот мора да биде сеопфатна, меѓу-секторска и системска. „Мора да ги јакнеме нашите сегашни капацитети и да ја градиме отпорноста на нашите безбедносни, но, и финансиски системи кон потенцијалните терористички напади“, подвлече претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека тоа е наша обврска, не само како земја-членка на НАТО алијансата и како кандидат за членство во Европската Унија, туку како наш државен приоритет.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ